Хит на есента: Koса во нијанси на суво лисје (фото)

Топлите бои се полн погодок за студените денови, затоа што повеќе му ласкаат на тенот. А, оваа сезона, една посебна палета ги освои срцата на дамите. И, веќе ниже илјадници лајкови на Инстаграм.

hit-na-esenta-kosa-vo-nijansi-na-suvo-lisje-foto-1.png

Станува збор за широкиот спектар од златно-црвенкасти тонови, што неодоливо го имитираат колоритот на сувото лисје.

Хит на есента се топлите бакарни нијанси, кои на вашата фризура ќе ѝ подарат сосема нова димензија.

Во зависност од тенот, но и природната боја на косата, може да си поиграте со светлите портокалови и темните руси тонови, или, пак, кафеавите нијанси со црвен блесок.

hit-na-esenta-kosa-vo-nijansi-na-suvo-lisje-foto-2.png

hit-na-esenta-kosa-vo-nijansi-na-suvo-lisje-foto-3.jpg

Ова е идеална есенска промена, како за блондинките, така и за бринетите.

А, доколку е добро одбрана, може да делува мошне природно. Истовремено е впечатлива, ама не и претерано нападна.

Секако – сѐ зависи од личниот вкус и желби. Да ја офарбате целосно, извлечете прамени или се одлучите за омбре фазон.

hit-na-esenta-kosa-vo-nijansi-na-suvo-lisje-foto-4.png

Ако ви недостасува идеја за освежување на имиџот, можеби од фотките во галеријата ќе стигнете до омилената инспирација:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg