7 причини поради кои косата постојано ви е сува
Голем број девојки, особено оние со природно виткана коса се измачуваат со проблемот со сувите влакна.
На сите им е добро познато чувството на свежо измиена и мека коса, но тоа трае најдоцна до наредниот ден, кога е видливо сува и не може да се скроти со ништо.
Постојат два типа на сува коса - едната е сувост поради недоволна хидратација однатре, а другата е намалена влажност однадвор.
Но, без разлика кој тип на сува коса го имате, генерално постојат седум причини за тоа.
1. Едноставно, таква си е
Некои коси не се мастат доволно, па влакната се суви, кршливи и заплеткани. Некогаш воопшто и нема причина за тоа, туку такви се природно.
2. Шампонот ѝ ја одзема влажноста
Во козметиката за коса има многу хемикалии. Најконцентрирани се во евтините производи кои мора да компензираат на квалитет, за да може да ја задржат ниската цена.
Постојат шампони кои дури и ја избледуваат штотуку офарбаната коса. Пронајдете го шампонот кој ви одговара, дури и ако треба да го платите доста повеќе.
3. Фенот и пресите ви ја изгореле
Со самото тоа што долго време ја изложувате на директна топлина, косата ја губи природната влажност и станува сува, тенка и кршлива.
4. Сонцето и УВ-зрачењата
Помина летото па сега можете јасно да видите какви последици оставило сонцето врз вашата коса.
Не само што ѝ е променета бојата на деловите кои биле најизложени, туку и тие се далеку посуви од остатокот.
5. Недоволна надворешна влажност
Со косата никогаш не можете да бидете начисто дали ѝ е доволна влажноста која ѝ ја пружате.
Кога не е доволна влажноста на воздухот, надворешните влијанија, како жештините и ветерот, полесно ја сушат и оштетуваат косата.
6. Ладното време ја уништило
Исто како што може да влијае и претоплото време, така и студените ветрови спречуваат влакното природно да се навлажнува.
7. Применувате агресивни хемиски третмани
Боење на косата, избелување со бланш и хидроген, виткање, исправување, фенирање, шампони, маски, парфеми за коса...
Секое претерано нивно користење дополнително ја уништува живоста на влакното.
Е. Д. | Црнобело