Најомразените популарни женски парфеми

Парфемите служат за да го надополнат целосниот изглед со мирисен впечаток. Модните куќи секоја година промовираат и по неколку нови мириси.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-01.jpg

Но, кога се обидуваат да направат што повеќе парфеми, може да се случи да погрешат во комбинацијата на мирисните ноти и да направат нешто што има крајно непријатна арома.

Исто така, индивидуалната перцепција за мирисите е различна кај секоја жена. Често, парфемот кој ви одговара вам, може воопшто да не ѝ одговара на вашата сестра или другарка.

Сепак, на парфемските форуми, корисниците се сложни околу неколку популарни парфеми, кои многумина всушност ги мразат.

La Vie Est Belle - Lancome

Апсолутниот хит изминатите неколку сезони, колку што има поддржувачи и фанови, толку има и „хејтери“. Иако идејата е да мириса природно и женствено, според некои дами, Lancome претерале со аромите на чоколадо, ванила и круша.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-02.jpg

Obsession - Calvin Klein

„Obsession“ припаѓа на групата ориентални мириси и првпат е произведен во 1985 година. Иако се работи за одлична комбинација на зачини, ванила, сандаловина и смола, на многу жени овој парфем им е загушливо непријатен.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-03.jpg

Chanel No 5 - Chanel

Се работи за вистинска класика во светот на парфемите, па сосема очекувано е да има и вљубеници и лојални корисници, но и такви кои не го поднесуваат.

Очигледно овошно-ориенталната комбинација не им одговара на сите жени, како што ѝ одговарала на Мерилин Монро.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-04.jpg

Angel - Mugler

Ѕвездестото шишенце привлекува внимание од полиците во парфимериите, но сепак постојат премногу девојки кои неговиот мирис го опишуваат како удар со тешка и леплива чоколадна торта директно во лицето.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-05.JPG

Eden - Cacharel

Мистериозното зелено шишенце спакувано во цветната кутија, со егзотично име, не предизвикува чувство на рајска градина кај сите. Некои, едноставно, не можат да го поднесат овој парфем и страдаат од гадења и мигрени поради него.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-06.jpg

Good Girl - Carolina Herrera

Иако има уникатно пакување и популарно го нарекуваат „штиклата“, се чини дека течноста не успеа да воодушеви голем дел од девојките, без разлика дали се добри или лоши. Многумина го опишуваат мирисот како парфимерија во која се испрскани сите можни мириси, каде луѓето се гушат.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-09.jpg

Decadence - Marc Jacobs

Уште едно шишенце што ветува, но мирис што разочарува. Комбинацијата на шафран, слива, смола и ирис не е привлечна за секого, особено ако во крајниот производ не може да се почувствуваат тие ноти. Некои дури го поистоветуваат мирисот со скиселен зеленчук.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-07.JPG

Red Door - Elizabeth Arden

Иако нејзиното име стои на извонредни парфеми, како што е „5th Avenue“, овој класик кој треба да биде симбол на гламур и луксуз, не ги воодушеви дамите низ светот. Многумина дури и го опишуваат како „бапски“.

najomrazenite-popularni-zhenski-parfemi-08.jpg

Дали и вие имате ваш омразен претставник од популарните мириси?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg