Најжешкиот тренд во шминкањето оваа есен црпи инспирација од златните ’90-ти
Се чини дека последната декада од 20 век, златните ’90-ти претставуваат неисцрпна инспирација за многу работи, а шминката не претставува никаков исклучок.
Овој пат трендот се враќа во модифицирана форма, но основата е добро познатиот кафеав кармин.
Бојата на усни којашто беше заштитен знак на Синди Крафорд, Викторија Бекам и Џулија Робертс во ’90-тите е пожелно да ја набавите веднаш и да стане неизоставен дел од вашиот несесер оваа есен.
Кафеав кармин со топли портокалови поттонови, суптилна кафеава која полека преминува во нежна nude нијанса, или пак студена темнокафеава за најхрабрите… каков и да е изборот, носете го смело:
(О)Милена | Црнобело