Нови парфеми AVON Luminata и SEGNO: блескава харизма и нова енергија за Неа и Него

Првите денови од есента се во знакот на двата мирисни новитети од AVON, креирани во соработка со светски познати парфимеристи. Со нагласена синергија и креативност, тие ги создадоа впечатливите и софистицирани мириси за Неа и за Него – Luminata и Segno. Овие два парфеми, токму како и нотите кои ги содржат во себе, се истовремено суптилни и неверојатно харизматични, исто како жената и мажот кои се инспирација за нивното создавање.

novi-parfemi-avon-luminata-i-segno-bleskava-harizma-i-nova-energija-za-nea-i-nego-01.jpg

Новите Luminata и Segno се совршен избор за оние кои знаат дека вистинската убавина и харизма доаѓаат одвнатре - совршен избор за жената која само со една насмевка може да го осветли светот и за мажот кој знае дека не мора да биде гласен за да биде вистински лидер.

Создаден од нотите на кристално белиот божур, раскошната ванила и деликатната малина, парфемот Luminata е наменет за девојките и жените чија внатрешна убавина сјае како кристал. Овој неверојатен мирис е создаден од “Оскаровецот на парфемите” Морис Русел, добитник на многубројни награди во Индустријата со парфеми, вклучувајќи ја наградата Prix François Coty во 2002, признание од американската и француската FiFi награда како и француската награда "Oscar des Parfums".

Малку работи во светот се убави како чистиот, сјаен кристал, а една од нив е насмевката на жената. Luminata е тука за да ја истакне внатрешната убавина и уникатност на секоја жена и да и’ помогне да заблеска во сиот свој сјај.

novi-parfemi-avon-luminata-i-segno-bleskava-harizma-i-nova-energija-za-nea-i-nego-02.jpg

За НЕГО пак, AVON го создаде Segno – извонреден, долготраен и софистициран парфем кој во својата основа го носи силниот ветивер. Аромата на цветот на медоносната грмушка од Тасманија зрачи со длабочина и топлина, што гарантира долготрајност на мирисот. Парфемот е дело на Ив Касар, парфимерист кој работи за многу познати светски модни куќи, кој создаде парфем за мажи кој го редефинира поимот лидер. Новиот лидер влијае врз другите, наместо да ги контролира. Инспирира наместо да наредува. Во минатото, луѓето ги следеле лидерите и оделе зад нив. Новиот лидер знае дека заедно сме посилни. Создавањето врска е неговата мисија. Така тој ги инспирира другите и затоа е почитуван. AVON Segno e белегот на новиот лидер.

Luminata и Segno се веќе достапни преку претставничката мрежа на AVON, со примамлива премиерна цена од 1.190 денари.

За AVON

AVON е компанија која над 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сè за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon True, mark, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg