Славни дами кои никогаш не се сончаат
За разлика од мнозинството жени, овие ѕвезди не само што не се печат на плажа, туку не одат ни во солариум. Кои се најпознатите „холивудски вампирки“ и „снежни кралици“?
Додека мноштво ѕвезди поминуваат часови на сонце, постојат и такви кои не можат да го поднесат. Од неговите зраци се кријат со облека, чадори, па дури и посебни завеси кои ги носат со себе. Кои се причините?
Едни познати жени водат грижа за сопственото здравје, а другите едноставно не се фанови на лажниот тен. Напротив. Тие се горди на порцеланската кожа и ја сметаат за заштитен знак.
Ова се славните дами кои никогаш не се сончаат:
Дита фон Тиз (45)
Kралицата на бурлеската е навистина претпазлива кога престојува на сончеви дестинации. Дита фон Тиз откри дека си носи сопствени завеси за целосно да ја затемни собата, а базенот во хотелот го користи исклучиво ноќе.
Џесика Частејн (41)
И прекрасната глумица секогаш се крие од сонцето. Џесика Частејн смета дека е штетно за кожата и предизвикува предвремено стареење.
Никол Кидман (51)
Иако е порасната во Австралија, оскаровката остана верна на снежно белиот тен, којшто природата ѝ го има подарено. Никол Кидман се издвои баш со порцеланската кожа и светло црвената коса.
Џулиен Мур (57)
Светлата кожа на актерката не поднесува сонце. Џулиeн Мур носи долги панталони или блузи дури и на летните одмори, за да максимално се заштити од силните зраци.
Ева Грин (38)
Бонд девојката себеси се нарекува „вампир“, бидејќи го обожава изразено бледиот тен. Ева Грин е невозможно да ја видите исончана. Самата призна и дека е опседната со креми за нега.
Гвен Стефани (48)
Музичката ѕвезда со години негува изглед на модерна Мерилин Монро. Гвен Стефани не се откажа од снежно белата кожа, платинесто русата коса и црвениот кармин на усните.
Лејди Гага (32)
Ексцентричната пејачка сака да експериментира со фризурите, ама и на неа кожата вечно ѝ останува снежно бела. Лејди Гага е сигурна дека темниот тен воопшто не ѝ прилега.
Ен Хатавеј (35)
Талентираната глумица има повеќепати изјавено дека води огромна грижа за сопствената кожа. Eн Хатавеј никогаш не се шета на силно сонце. А, не ни помислува да отиде на плажа, ако претходно не нанесе средство со висок заштитен фактор.
Кирстен Данст (36)
Нејзината колешка, пак, седи на плажа под чадор за сонце, додека за креми за самопотемнување не сака ни да слушне. Кирстен Данст верува дека бледиот тен е најзаслужен за плодната филмска кариера. Впрочем, таа и се прослави со улогата на вампирка од мали нозе.
М. А. | Црнобело