9 познати дами кои отстраниле ребра за да имаат тенок струк (фото)
Дали ви се верува дека една Швеѓанка има струк од само 40 сантиметри, а веднаш зад неа е Дита фон Тиз со само 42 сантиметри?
Жените прават многу работи во име на убавината, но некои потези се навистина претерани. Вадењето на ребра за да имате потенок струк дефинитивно е еден од нив.
Станува збор за болна операција кога хирургот ви вади пар ребра. Оваа мода се појавила уште во 18-тиот век кога жените носеле тесни корсети за да го истанчат струкот.
Сега носењето на корсетите кои предизвикуваат огромна бока е заменето со операција.
Познати дами кои се одлучиле на ваков потег:
Мерилин Монро
Актерката е една од првите ѕвезди кои се одлучија на ваков чекор. Таа по операцијата имала еден од најтенките струкови во Холивуд.
Шер
Шер призна дека пластичните операции ѝ станале како дрога и на себе направила повеќе од 100 зафати. Во средината на 80-тите пејачката отсрани ребра.
Дита фон Тиз
Нејзиниот струк има само 42 сантиметри поради операцијата, но и тесните корсети на кои кралицата на бурлеската е навлечена.
Деми Мур
Актерката има потрошено околу 200.000 долари на пластични операции. Зголемување на градите, менување на формата на носот, липосукција, па дури и вадење на ребра.
Ракел Велч
Секс симболот од 70-тите за својата форма на песочен часовник му е благодарна на хирургот кој ѝ извадил ребра.