По мислење на мажите: Со каква шминка и фризура се најсекси жените?

Мноштво припаднички од понежниот пол трошат еден куп пари и време за разубавување. Некои девојки, пак, едноставно сакаат да се шминкаат, средуваат и дотеруваат, бидејќи така се чувствуваат подобро. А, што имаат да кажат момците на оваа тема?

po-mislenje-na-mazhite-so-kakva-shminka-i-frizura-se-najseksi-zhenite-1.png

Не е од пресудно значење, но секако дека жените ги интересира и ставот на посилниот пол по ова прашање. Што ним највеќе им се допаѓа? Одговорите ги дадоа неколку мажи од соседството, откривајќи кои се триковите за убавина што „палат“ кај нив, наспроти оние кои воопшто не им се привлечни.

po-mislenje-na-mazhite-so-kakva-shminka-i-frizura-se-najseksi-zhenite-2.jpg

Па, со каква шминка и коса се најсекси жените? Дознајте од нивните искрени одговори:

„Сакам кога жените имаат блескаво лице. Не само со руменило, туку и она – како се викаше - хајлајтер! Изгледаат како сонцето постојано да ги сјае.“

po-mislenje-na-mazhite-so-kakva-shminka-i-frizura-se-najseksi-zhenite-3.jpg

„Црвениот кармин за усни ќе ја претвори секоја девојка за секунда во секси жена од соништата. Меѓутоа, не сакам претемно нашминкани очи. Тогаш ми изгледа некако преевтино.“

„Најсекси ми изгледа со навиткана фризура како од плажа. Не сакам кога жената има рамна коса, туку да е брановидна. И малку неуредна. Да, тоа ненормално ме возбудува!“

po-mislenje-na-mazhite-so-kakva-shminka-i-frizura-se-najseksi-zhenite-7.jpg

„Најубаво ми е кога жената е ненашминкана. Се плашам од моливчињата за очи. Тоа делува страшно. Има премногу жени кои генерално прејако се шминкаат. Девојки, ве замолувам – престанете! Далеку подобро изгледате кога сте природни. Без сите креми, пудри и лакови.“

„Мене највеќе ме привлекуваат жените со кратка коса. Долгата е досадна.“

po-mislenje-na-mazhite-so-kakva-shminka-i-frizura-se-najseksi-zhenite-5.jpg

„Девојка ми секогаш користи лосион за тело што свети. Кога носи краток летен фустан и нозете прекрасно ѝ сјаат – тоа ми е неодоливо секси.“

„Пуштена коса! Не сакам плетенки, репчиња и слично. Мислам дека само и на жените им се допаѓа врзаната коса. Мажите обожаваат кога таа е распуштена. Да ѝ паѓа на лицето или да се виори на ветрот.“

po-mislenje-na-mazhite-so-kakva-shminka-i-frizura-se-najseksi-zhenite-4.jpg

„Девојка ми секогаш става малку парфем на вратот. И тоа многу ми се допаѓа. Потоа ја мирисам и уживам – ме излудува колку е секси.“

„Кога таа ќе се насмевне, а забите ѝ се како бисери. Бели и чисти. Не сакам розов кармин за усни. А, ни сјај за уста исто така.“

po-mislenje-na-mazhite-so-kakva-shminka-i-frizura-se-najseksi-zhenite-8.jpg

„Природно си е природно. Немам ништо против кога жените се нашминкани. Ама, никако не смее да стават претерано шминка на себе.“

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg