Eдноставно и убаво: 5 модерни опавчиња за секоја пригода
Високо мазно опавче или ниско „романтично“ опавче, изборот останува на вас. Најважно е дека ќе блескате.
Пуштената лелеава коса е гордост за секоја девојка, но понекогаш навистина бара премногу време и енергија.
За да го избегнете ова носете почесто опавчиња, кои ќе ги направите брзо и лесно, а ќе ви дадат женственост и уникатен шарм.
5 модерни опавчиња за секоја пригода:
Неуредно опавче
Идеално е за брановита коса, но и девојките со права коса може да го направат со притискање на прамените коса со раце на кои имаат нанесено пена за коса.
Мазно опавче
Исправете ја косата колку што можете подобро и врзете високо опавче. За да не ви се гледа ластичето превиткајте го со еден прамен коса.
„Романтично“ опавче
Врзете ја косата лабаво во ниско опавче и оставете по еден прамен од страните. Потоа извијте ги прамените еден во друг и прицврстете ги за ластичето со шноли оддолу.
Спортско опавче
Ако планирате некоја физичка активност, најдобро е да ја соберете косата во високо опавче и да направите плетенка.
Детско опавче
Вашата ќерка можете да направите да изгледа како принцеза со помош на неколку разнобојни ластичиња кои ќе ги местите по должината на опавчето.
С. С. | Црнобело