Славни дами кои јавно се пожалија за пластичните операции
Кортни Кокс (54)
Американската актерка заврши на насловните страници од магазините, кога минатата година отворено кажа дека ги отстранила сите филери од лицето. Ѕвездата на серијата „Friends“ даде изјава за New Beauty:
„Се чувствувам подобро, бидејќи сега повеќе личам на себе. Мислам дека изгледам како личноста што бев некогаш. Барем се надевам дека е така.“
Кортни Кокс одлучила да ги прифати своите природни знаци на стареење, односно брчките на лицето, затоа што сфатила дека филерите не ја подмладуваат, туку поради нив делува вештачки и застрашувачки.
Нина Мориќ (42)
Хрватската манекенка со италијанска адреса беше честа тема на странските таблоиди. Mногумина ѝ се потсмеваа поради пластичниот изглед и количината на естетски корекции.Нина Мориќ никогаш јавно не ги потврди, или, пак, демантира своите операции.
Единствената поради која јавно искажа жалење е онаа за зголемување на усните. Таа за медиумите изјави дека пред десетина години ставила силикони кои ѝ предизвикале здравствени проблеми. Подоцна ги извадила и наводно никогаш повеќе не се осудила на ваква интервенција.
Никол Кидман (51)
Оскаровката е уште една глумица во низата што јавно се пожали поради третманите со ботокс. Голема прашина се крена во периодот кога нејзиното лице изгледаше како замрзнато, па таа не покажуваше никаква фацијална експресија. Во интервју од 2013 година, Никол Кидман откри:
„Повеќе не одам на естетски корекции. Чекав со години ефектите од ботоксот да спласнат, па да може конечно да го движам лицето.“
Клое Кардашијан (34)
Кајли не е единствениот член на кланот Кардашијан-Џенер што јавно говореше за естетските третмани. И постарата сестра Клое призна дека зажалила поради филерите во лицето.
Дури трипати ги отстранувала, а дел од ефектите ѝ се уште видливи на нејзиниот лик.
М. А. | Црнобело