Мала ситница открива дали вашата пудра има поминат рок на употреба
Рокот на траење на пудрите вообичаено се движи од 12 до 18 месеци, во зависност од нејзиниот состав. Но, една мала ситница лесно може да ви открие дали е дојдено време истата да се фрли, бидејќи е веќе неупотреблива.
Течните пудри на база на вода имаат рок на траење од 12 месеци, а пудрите кои се на база на масло може да се користат до 18 месеци, со оглед на фактот што маслото е природен конзерванс.
Важно е да се придржувате до рокот на траење на производите од декоративната козметика, бидејќи во спротивно истите може да бидат штетни по здравјето.
Текстурата на пудрата ќе ви открие дали нејзиниот рок е истечен. Кога маслото од пудрата ќе „исплива“ на површината, а самата пудра ќе стане погуста, таквата структура е непосакувана, ќе ја покрие кожата нерамномерно, а тенот ќе изгледа прилично лошо, што е сигурен знак дека треба да ја фрлите пудрата.
Рокот на траење на течните пудри може да се продолжи на тој начин што пудрата ќе ја чувате на темно и суво место, со умерена температура (подобро да е пониска, отколку повисока), со тоа што редовно ќе ја протресувате амбалажата.
Со промешувањето на овој начин, маслото, водата и честичките секогаш ќе бидат рамномерно распределени во самата структура, а нанесувањето ќе биде мазно и беспрекорно.
(О)Милена | Црнобело