Маскарата Big&Extreme Volume и парфемот Far Away Rebel: Новитети од AVON создадени за смелите и несекојдневни девојки!

AVON започнува потрага по новата урбана, оригинална и несекојдневна девојка. Дали си тоа токму ти?

maskarata-big-extreme-volume-i-parfemot-far-away-rebel-noviteti-od-avon-sozdadeni-za-smelite-i-nesekojdnevni-devojki-1.jpg

Во пресрет на есента и новата сезона, козметичкиот гигант AVON лансира два нови производи кои ќе го променат начинот на кој гледате на маскарата, во комбинација со парфем кој во себе ги крие сите есенцијални мириси на смелите, несекојдневни девојки.

Маскарата Big&Extreme е нов член на семејството Big& од линијата mark, наменета за сите кои сакаат да експериментираат со својот изглед, да остават печат на својата индивидуалност и да летаат на крилјата на сопствената креативност. Создадена е на основа на нова и револуционерна Elastovolumeric™ формула која дава двојна издолженост и еластичност на трепките, споредено со традиционалните маскари кои содржат влакна за издолжување. Трепките се толку долги и волуменозни што ќе ве прашаат дали носите екстензии!

maskarata-big-extreme-volume-i-parfemot-far-away-rebel-noviteti-od-avon-sozdadeni-za-smelite-i-nesekojdnevni-devojki-2.jpg

Покрај иновативната формула на маскарата, ефектот се постигнува и со Lash Extender четката, прва од ваков вид, наменета за издолжување на трепките, која досегнува и до малите и странични трепки и совршено ја бои секоја трепка од коренот до врвот.  Оваа водоотпорна маскара е достапна во 4 различни нијанси, лесно се нанесува и отстранува, има мазна и креместа текстура и што е најважно, клинички е тестирана и погодна за чувствителни очи и за оние кои носат контактни леќи.

Густите и екстремно долги трепки создаваат драматични и впечатливи очи во текот на целиот ден, што им помага на жените да го разбудат чувството на самодоверба преку беспрекорниот и импресивен изглед.

Идеалното дополнување на впечатокот со смелите и долги трепки е исклучително возбудливата ориентално-цветна мирисна композиција, преточена во новиот парфем Far Аway Rebel, креиран специјално за т.н. генерација на Милениумци.  Овој мирис е олицетворение на девојка или жена која се сака себеси и е горда на сопствените одлуки и постапки. Луѓето можеби ја нарекуваат бунтовник, но бунтовната природа е насочена во вербата, почитта и љубовта кон себе. Таа е нежна и чувствителна, но секогаш подготвена за храбри предизвици, слично на нежните цветни ноти на парфемот кои во одреден момент ќе вé изненадат со заводливиот мирис на карамелизираното чоколадо.

maskarata-big-extreme-volume-i-parfemot-far-away-rebel-noviteti-od-avon-sozdadeni-za-smelite-i-nesekojdnevni-devojki-3.jpg

Токму со промоцијата на овие два возбудливи новитети, компанијата го најавува проектот #RebelGirl и во следните две недели ќе трага по несекојдневно, свежо лице на урбаната оригиналност и бунтовност во позитивна смисла на зборот. Големиот AVON предизвик, препознатлив по хаштагот #RebelGirl и #OvaSumJas ќе ја бара девојката, која преку необична и оригинална фотографија ќе ја долови својата автентична личност. Сите девојки кои сакаат да учествуваат во овој предизвик, покрај на социјалните мрежи, одблизу ќе може да се запознаат и да ги пробаат новитетите на некој од 9-те настани кои ќе се случат во следните 14 дена, а почнувајќи од 1-ви септември во Струмица, Битола, Штип, Охрид, Гостивар, Велес, Прилеп, Куманово и Скопје.

maskarata-big-extreme-volume-i-parfemot-far-away-rebel-noviteti-od-avon-sozdadeni-za-smelite-i-nesekojdnevni-devojki-4.jpeg

Повеќе детали за возбудливата кампања, датумите и локациите на настаните се достапни на: http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/rebelchallenge.page

За Avon

AVON е компанија која над 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сè за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon True, mark, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg