Тајните на беспрекорниот изглед на 54-годишната Ел Макферсон

Без оглед на возраста, Ел Макферсон и ден-денеска изгледа сензационално и покажува дека со право го носи прекарот „Телото“.

tajnite-na-besprekorniot-izgled-na-54-godishnata-el-makferson-01.jpg

Ел Макферсон некогаш беше една од најбараните манекенки за рекламните кампањи за костими за капење. Иако денеска има 54 години, се чини дека манекенката сè уште може да се слика за истите кампањи.

Таа никогаш не криела дека напорно работи за да го зачува прекарот „Телото“ (The Body) што гордо го носи веќе 30 години. Ел веќе не се занимава со манекенство, но добро се сеќава колку време и пари трошела за да може правилно да се храни и редовно да вежба, сè со цел да остане во топ форма.

Иако и самата има своја линија на луксузни додатоци во исхраната, постојат четири основни правила кои прекрасната Макферсон доследно ги почитува.

1. Алкализација на телото

Како и многу познати дами, така и Ел се држи до алкалната исхрана, богата со разновиден зеленчук и житарици. Според нутриционистите, индустриски процесираната храна предизвикува многу дигестивни проблеми и создава главоболки, па затоа најдоброто решение е алкализација на телото.

tajnite-na-besprekorniot-izgled-na-54-godishnata-el-makferson-04.jpg

2. Три литри вода на ден

Хидратизацијата на телото е особено важна. Секако, препорачаната количина вода не се пие наеднаш, туку распоредена во текот на целиот ден. Обичната негазирана вода го чисти организмот и ја прави кожата мека и негувана.

tajnite-na-besprekorniot-izgled-na-54-godishnata-el-makferson-03.jpg

3. Пет тренинзи неделно

Ел тренира пет пати неделно и тоа неколку различни активности, меѓу кои јога, трчање, бокс и планинарство. За оние кои се презафатени со обврски, доволно е и три пати неделно да практикуваат тренинзи, односно физичка активност по избор.

tajnite-na-besprekorniot-izgled-na-54-godishnata-el-makferson-02.jpg

4. Пилинг на телото и лицето

Редовниот благ пилинг ја негува кожата, ги отстранува мртвите клетки и ја прави сјајна и здрава. Со помош на ексфолијацијата се постигнува регенерација на целата кожа. По пилингот, се мачка со природни органски препарати или само со маслиново масло.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg