Подгответе сами: Домашен смирувачки пилинг од лаванда
По тежок и напнат ден, нема ништо поубаво од мини домашен спа третман.
Лавандата е докажано еден од најсмирувачките мириси кои се користат при ароматерапија, а има и антисептичко дејство врз кожата.
Овој домашен пилинг може да го користите пред спиење, за релаксација по долг и напорен ден. Важата кожа ќе биде мека и чиста, а вие ќе бидете опуштени и полесно ќе заспиете.
Потребни состојки:
- Половина чаша морска сол
- 1/3 од истата чаша бадемово масло
- 2 капсули витамин Е
- Една лажица сушени цветови од лаванда
- 8 капки етерично масло од лаванда
Подготовка:
Во мала тегла измешајте ги маслото и морската сол. Во смесата додајте ја содржината од двете капсули со витамин Е, ситните цветови лаванта и етеричното масло.
Затворете ја теглата и мешајте со протресување. Оставете содржината да отстои покриена со крпа најмалку еден час.
Доколку сакате поинтензивен мирис, додајте уште неколку капки етерично масло.
Нанесете на малку навлажнета кожа и масирајте со кружни движења. Исплакнете со млака вода и исушете со тапкање со крпата, а не со триење.
Е. Д. | Црнобело