5 секојдневни козметички производи кои ги користите погрешно

Многу козметички производи кои ги имаме дома се користат на поинаков начин од оној на кој сме навикнати.

5-sekojdnevni-kozmetichki-proizvodi-koi-gi-koristite-pogreshno-001.jpg

Уште од мали нозе особено девојчињата се воодушевени од светот на шминката и козметиката и разбирливо е дека се добро упатени во поголем број од производите. Но, иако мислите дека ги употребувате правилно, постојат понапредни начини за уште полесна примена.

Еве за што станува збор и секако мали упатства како правилно и на најдобар начин да ги користите.

Масло за чистење лице

Сите знаат дека масло и вода не се мешаат. Но, кога станува збор за маслата кои се употребуваат за чистење на лицето, тоа правило не важи. Напротив, маслата за чистење лице помешани со вода стануваат поделотворни.

Совет: Кога го нанесувате, масирајте го лицето додека прстите ви се влажни од вода.

5-sekojdnevni-kozmetichki-proizvodi-koi-gi-koristite-pogreshno-02.jpg

Тоник за лице

Со овој производ треба особено да внимавате и да бидете нежни додека го употребувате и тоа не само во делот околу очите, туку и на останатиот дел од лицето.

Со парчето памук натопено со тоник за лице задржете се на деловите од кои сакате да ја извадите шминката сè додека таа не почне сама да се разлева. Потоа со неколку кратки потези избришете го целото лице.

5-sekojdnevni-kozmetichki-proizvodi-koi-gi-koristite-pogreshno-03.jpg

Сунѓери за шминкање

Со сунѓерите заборавете на триењето. Нивната намена е исклучиво за пудрата или тонираната крема нежно да ги нанесете и претопите на вашето лице и да се изедначи со вашиот тен.

Тоа може да го постигнете само со тапкање по деловите на лицето каде што сакате да биде нанесена.

5-sekojdnevni-kozmetichki-proizvodi-koi-gi-koristite-pogreshno-04.jpg

Молив за усни

За најдобар изглед, прво со моливчето исцртајте ги границите на усните, потоа нежно размачкајте ги со него целите усни наместо да ги оставате само двете линии кои ќе двојат, а после тоа нанесете го саканиот кармин и уживајте.

5-sekojdnevni-kozmetichki-proizvodi-koi-gi-koristite-pogreshno-05.jpg

Регенератор за коса

Според некои нови истражувања и совети од светски познати фризери, регенераторот треба да се нанесе на косата пред да ја измиете со шампон.

Ова е всушност сосема спротивно од она што сите сме го правеле до сега. Според експертите во оваа област, овој начин на миење на косата ќе направи таа да биде понежна и помека.

5-sekojdnevni-kozmetichki-proizvodi-koi-gi-koristite-pogreshno-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg