9 грешки што ги правите секој ден и му штетат на вашето лице
Користите пудра за да го елиминирате сјајот на мрсната коса
Вашето лице e мрсно секој ден, цела седмица, па така само ако ставате пудра врз него нема да го решите проблемот и ќе ги затворите порите. Наместо тоа, нежно обидете се да ја соберете маснотијата со суви марамчиња.
Го миете лицето пред да се туширате
Најдобро е лицето да го миете по туширањето затоа што за време на туширањето на него може да останат мали остатоци од вашиот шампон и регенератор за коса.
Не нанесувате продукти на лицето пред спиење
По цел ден шминка, сакате да му дадете одмор на лицето, но вашата кожа подобро ќе одмори ако на неа ставите ноќна крема, маска или серум, кои ќе ги неутрализираат негативните ефекти од декоративната козметика.
Кога е облачно не ставате крема со заштитен фактор
Зрачењето на сонцето влијае на вашата кожа дури и кога има облаци на небото, па ставајте крема со заштитен фактор во текот на целата година за да се заштитите од ултравиолетовите зраци.
С. С. | Црнобело