9 грешки што ги правите секој ден и му штетат на вашето лице
Со секојдневниот пилинг краткорочно ја правите кожата мазна, но долгорочно можете да го уништите заштитниот слој на кожата.
Дали сте забележале дека некои совети едноставно како да се провлекуваат низ сите текстови за нега на лицето? Тоа не е поради некреативноста на тој што пишува, туку поради фактот што луѓето не ги следат овие очигледни совети.
Некои грешки време е да престанете да ги правите:
Ја менувате козметиката пречесто
Да, изборот е огромен во продавниците, но престанете со тестирање на нови производи затоа што лесно може да се појави алергиска реакција на вашата кожа.
Секој ден правите пилинг
Вашата кожа има способност да се регенерира без „надворешна помош“, па така додека секојдневно ги отстранувате мртвите клетки краткорочно ја правите кожата мазна, но долгорочно можете да го уништите заштитниот слој на кожата.
Не користите средства за чистење на лицето
Некои средства за лице се бескорисни, но млеката се неопходни за комплетно да ја отстраните шминката и нечистотијата од лицето, кои ако останат по миењето само со вода може да ви предизвикаат затворени пори, акни и мрсна кожа.
Користите иста навлака за перница повеќе од два дена
На неа се собира прашина, клетки мртва кожа, па дури и влакна од милениците, па за да го заштитите лицето од осипи менувајте ја навлаката на два дена.
Не користите тоник
Тоникот не е само „вода“ со пријатен мирис, тој ѝ ја враќа pH вредноста на вашата кожа во нормала и ја подготвува за другите процедури и козметички средства на неа.