„Стаклена коса“ – нова сјајна фризура која ги заслепи сите (фото)
„Glass Hair“ или во превод „стаклена фризура“ е новиот тренд кој започна во Холивуд, но набрзо го прифатија сите благодарение на неговото вирално ширење на социјалните мрежи.
Опишана како „свиленкаста коса со остри врвови“, фризурата која е заслепувачки сјајна што изгледа како да е направена од стакло, дефинитивно прилега на многу облици на лицето, бидејќи може да одберете должина според сопствените желби.
Трендот го започнала фризерката Џенифер Јапез уште пред неколку месеци, а ова е и омилената фризура на Џена Деван, Ким Кардашијан, како и манекенката Оливија Кулпо.
Тајната е во совршено исправената, измазнета коса со огромен сјај, што значи пронајдете средство кое ќе направи вашата коса да заблеска.
Ви се допаѓа ли „стаклената“ фризура?
(О)Милена | Црнобело