Тајни од козметичарите на славните: Како да изгледате младолико во секое време?
Жените сакаат да изгледаат совршено на секоја возраст, а тоа е возможно доколку правилно се негуваат и одржуваат.
Гледајќи ги фотографиите на славните кои блескаат на 30, 40, 50 и 60 години, нормално е да посакате да имате таква здрава, негувана и младолика кожа.
Личните козметичари не може сите да си ги дозволат, но за среќа, многу совети кои тие им ги даваат на славните се добро познати, па можете сами да ги применувате.
Секако, не може сами да си правите сложени третмани, но тие советуваат и на мали навики кои може да ги правите секојдневно, а да ви значат многу за изгледот.
Во продолжение погледнете неколку совети и применувајте ги за да блескате во секое време:
Пијте го кафето пред ручек
„Холивудските разубавувачи“ советуваат дека љубителите на кафе треба да престанат да го пијат кафето по ручекот.
Кофеинот во големи количини не влијае добро на кожата, а наутро метаболизмот е побрзо, па подобро е да го пиете кафето само до ручек, а потоа не.
Редовно менување пешкири и постелнина
Козметичарката на Џенифер Гарнер и Рис Витерспун, верува дека состојбата на кожата не зависи само од препаратите кои се користат, туку и од секојдневните навики, како користењето навлаки и пешкири.
Тие се идеални за собирање бактерии, па затоа споделува дека пешкирите треба да се менуваат секој ден, а навлаките за перници на 1 до 3 дена.
Азиска козметика за избелување, европска козметика за лифтинг
Според некои козметичари, повеќето козметички производи од Јапонија и Јужна Кореја се одлични за избелување на кожата, а кремите за навлажнување за азискиот пазар се многу подобри.
За корекција на брчки и лифтинг на кожата пак, подобра е европската и американска козметика.
Правете пауза помеѓу нанесувањето шминка
Според козметичарите на славните, најдобро е да не нанесувате повеќе козметички производи и шминка едно врз друго.
Подобро е да направите пауза од 5-10 минути помеѓу нанесување крема и пудра на пример.
За тоа време може да бирате облека, да ја средите косата или нешто друго за да не чекате залудно додека кожата ги впива препаратите.
Користете масло од лаванда за намалување на порите
Козметичарката на Камерон Диаз и Гвинет Палтроу советува да капнете неколку капки масло од лаванда на топол пешкир и да го ставите неколку минути на лицето, нежно притискајќи.
Со редовно практикување на овој метод, порите ќе се намалат и кожата ќе изгледа помазна.
М. М. | Црнобело