Како да одберете соодветен накит според обликот на лицето?

Според шминкерите, фризерите и фотографите, овалното лице е идеална форма, бидејќи се смета дека може најдобро да се експериментира со него.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-01.jpg

Под експериментирање, се мисли на шминката, фризурата, но и накитот.

Сепак, не сите може да имаат идеална форма на лице, а и ретко кој знае дека постојат правила за бирање на накит според обликот на лицето.

Но, за да може да изгледате беспрекорно во секое време, добро би било да обрнете внимание и на тоа.

Заобленото лице може визуелно да се издолжи со помош на накит, острите црти пак, може да се ублажат и изгледот може да биде многу подобар доколку правилно го одберете типот на обетки, ланче или додаток за коса.

Во продолжение, погледнете каков накит треба да бирате за да ги нагласите предностите или сокриете недостатоците.

Кој е вашиот облик на лице?

Заоблено лице

Обетки – Издолжени обетки кои висат се идеален избор за заоблено лице за визуелно да го издолжат. Обетки во облик на триаголник или дијамант се исто така добар избор.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-02.jpg

Ланче – Избегнувајте ги чокерите и заоблените ланчиња кои личат како да ве „гушат“ и држете се до елегантни приврзоци или издолжени синџирчиња со V-облик.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-03.jpg

Додатоци за коса – За визуелно да го издолжите и истенчите лицето, носете аксесоари со средна големина и подигнете ја косата од задниот дел.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-04.jpg

Триаголно лице

Обетки – За да се ублажи острата форма на лицето, најдобро е да не носите големи обетки, туку елегантни мали обетки кои нема дополнително да ве издолжуваат.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-05.jpg

Ланче – Наместо ланчиња со приврзоци и други додатоци кои висат, одберете такви во облик на колан за околу врат, со нежни бисери или сјајни камења за да ја неутрализираат острината на брадата.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-06.jpg

Додатоци за коса – За да ги ублажите острините на лицето, носете заоблени елементи кои немаат дополнителни додатоци кои ќе се истакнуваат и стрчат.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-07.jpg

Коцкесто лице

Обетки – За да ги ублажите острините и да го раширите визуелно лицето, најдобро е да носите обетки во облик на солза, но запомнете дека нивната должина треба да е поголема од ширината.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-08.jpg

Ланче – Најдобро е да носите долги ланчиња со дополнителен приврзок, мали каменчиња или бисери и избегнувајте хоризонтални линии и масивни елементи.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-09.jpg

Додатоци за коса – Широко венче или трака со нежни линии кои ќе ги ублажат острите црти, а ако има дополнителни аксесоари поставете ги асиметрично.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-10.jpg

Трапезоидно лице

Обетки – Триаголни обетки свртени со врвот надолу се добар избор или ако лицето е премногу остро, мали заоблени обетки ќе го омекнат, а долгите пак, ќе го издолжат лицето каде што е потребно.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-11.jpg

Ланче – За да се прошири визуелно долниот дел од лицето, носете долги ланчиња со V – израз или со долг додаток и приврзок.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-12.jpg

Додатоци за коса – Широко венче со големи декоративни елементи визуелно ќе го балансира горниот дел на лицето со долниот.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-13.jpg

Овално лице

Обетки -  Носете мали висечки обетки со заоблени или коцкести форми, или триаголни со врвот нагоре, но долгите висечки обетки избегнувајте ги максимално.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-14.jpg

Ланче – Ланчињата како колан околу врат и оние кратки но волуменозни се она што ви е потребно, а долгите синџири уште повеќе ќе ве издолжат, па избегнувајте ги.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-15.jpg

Додатоци за коса – Најдобра опција е да ставите голема декорација на страната на косата за да дадете волумен на образите, комбинирано со убави локни.

kako-da-odberete-soodveten-nakit-spored-oblikot-na-liceto-16.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg