6 фризури кои никогаш не излегуваат од мода

Трендовите во бојадисувањето и стилизирањето на косата се менуваат секоја година, но она што останува исто се неколку начини на нејзиното обликување.

6-frizuri-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda-01.jpg

Со оглед на тоа што бројни славни дами се лојални на една фризура, можеме да заклучиме дека некои трендови, едноставно, никогаш не изумираат. Напротив, само се надоградуваат со помош на боите, нијансите, должината и обликот на шишките.

Погледнете кои фризури познатите жени ги негуваат со години и инспирирајте се за следната промена:

Степени во косата

Џенифер Анистон се прослави со познатата Рејчел-фризура, која ја менуваше должината, но не и степените. И до денес актерката носи коса шишана со степени, но со варијации во должината, бојата или нијансирањето на прамените.

6-frizuri-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda-02.jpg

Пикси фризура

Овој облик беше исклучително популарен во 60-тите, кога почнале да се менуваат дотогашните дефиниции за женственост. Жените похрабро носеле панталони и ја шишале косата кратко. Мишел Вилијамс, на пример, веќе извесно време ја носи вака својата коса, без големи интервенции во бојата.

6-frizuri-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda-03.jpg

Долга и рамна коса

Актерката Гвинет Палтроу важи за дива со беспрекорна фризура. Она што таа со години го негува е долга и мазна руса коса. Секако, овој ефект се постигнува со преса, но и мора да се негува со производи кои штитат од горење и оштетување.

6-frizuri-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda-04.jpg

Стилизирана боб-фризура

Во последните години овој стил го негува Џенифер Лопез, а уште една од славните дами која е лојална на боб-фризурата е пејачката Софи Елис Бекстор.

6-frizuri-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda-07.jpg

Природно брановидна

За косата со средна должина нема ништо подобро од природно брановиден облик, како што ја носи Кејт Мидлтон. Таа постојано има иста боја на косата, но понекогаш експериментира со должината, но без нагли промени.

6-frizuri-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda-06.jpg

Скоро невидливи шишки

Актерката Ема Стоун секогаш има шишки кои се нешто пократки од целата должина на косата, но се доволно долги за да може да се носат настрана. На овој начин се постигнува и волумен на косата, но и отворање на лицето.

6-frizuri-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg