Како да се заштитите од враснување на влакната на интимните делови?

При подготовките за лето и за плажа, неминовно е отстранувањето на влакната од телото, што секако, ги вклучува и препоните и интимата. Но, некогаш ова носи несакани последици.

kako-da-se-zashtitite-od-vrasnuvanje-na-vlaknata-na-intimnite-delovi-01.jpg

Враснувањето се случува кога влакното не може да го најде патот за да избие низ кожата. Неретко, може да дојде до локално воспаление, црвенило, инфекција, па дури и болна циста. Меѓу причините зошто ова се случува е собирањето на мртви клетки во овој дел од телото.

Кога се во прашање мртви клетки, постои само едно ефикасно решение - пилингот.

kako-da-se-zashtitite-od-vrasnuvanje-na-vlaknata-na-intimnite-delovi-02.jpg

По отстранувањето на влакната потребно е да се направи блага ексфолијација на бикини линијата. Можете да користите специјално наменето средство за тоа или пак да измиете со ракавица за ексфолијација. Потоа, продолжете со вообичаената нега.

Втор метод кој можете да го примените е сувото четкање. Всушност, оваа техника е една од најефикасните во борбата против поткожните влакненца на целото тело.

Потребно е само да си набавите мека четкичка, соодветна за бикини зоната и да четкате од препоните кон стомакот. Потоа измијте со млака вода и нанесете бебешка пудра.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg