Мејкап трик благодарение на кој ќе изгледате свежо дури и кога е најтопло

Кога е во прашање летната шминка, најдобро е да запаметиме дека не треба да се претерува со количината и дека треба да се користат полесни производи.

Mejkap-trik-blagodarenie-na-koj-kje-izgledate-svezho-duri-i-koga-e-najtoplo-01.jpg

Нанесувањето слоеви шминка во лето воопшто не е добра идеја, бидејќи топлината и потта можат да направат да изгледате изморено и неуредно.

Во деновите кога температурите постигнуваат и до 40 Целзиусови степени, најлесна шминка е и онаа најбрзата. А кој би бил подобар сојузник во постигнување здрав и негуван изглед, ако не руменилото во форма на крема или стик?

mejkap-trik-blagodarenie-na-koj-kje-izgledate-svezho-duri-i-koga-e-najtoplo-02.jpg

Благодарение на него, ќе успеете да постигнете лесен летен изглед без да ви одземе многу време, ниту пак да му тежи на лицето.

За ова не ви се потребни специјални четки за нанесување. Доволно е да го измиете лицето со нежен гел, да нанесете немаслена подлога и потоа да намачкате мала количина руменило на образите. Додајте малку маскара на трепките и нијансиран балсам за усни и подготвени сте за претстојниот ден.

mejkap-trik-blagodarenie-na-koj-kje-izgledate-svezho-duri-i-koga-e-najtoplo-01.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Славни дами над 50 години, кои изгледаат одлично и со шминка и без шминка Салма Хајек има 57 години, а за многумина таа е поубава со чисто, природно лице,...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg