Каква шминка сакаат жените во различни земји низ светот?
Турција
Независно дали шминката ќе биде силна или поприродна, важно е лицето да има бронзен сјај и пеги инспирирани од изгледот на Меган Маркл.
Германија
Оваа сезона во несесерот на храбрите Германки ќе може да се најде бела маскара која го освежува целиот изглед и ги крие знаците на замор.
Италија
Главно правило за шминка на Италијанките им е – силно, но уредно. Црната или темно сина линија треба да е поблиску до крајот на капакот, а за ублажување може да се додаде подолг завршеток на сенката.
Мексико
Сè што е потребно за шминка во Мексико е сјајниот бронзер, кармин со природна боја и малку маскара.
Русија
Нијансите на сиво-виолетово, жолто, кафено и розеникаво се хит во шминкањето, а популарноста на вештачките трепки е уште голема.
М. М. | Црнобело