Каква шминка сакаат жените во различни земји низ светот?
Иако кога станува збор за модата и убавината, трендовите се шират на светско ниво, сепак секоја земја има свои замисли за убавината.
Жените карактеристични за секоја земја, имаат свои омилени начини и техники на кои сакаат да се шминкаат и сите изгледаат убаво на свој начин.
Па, што се подразбира под убавина и шминка во повеќе различни земји во светот?
Дознајте во продолжение, можеби ќе се инспирирате:
Австралија
Се дава предност на кафеавите, бежови и бронзени нијанси на сенка за очи, а многу професионалци се восхитуваат токму на овој изглед на Марго Роби.
Холандија
Холанѓанките не можат да одолеат на изгледот на Ријана – едноставна фризура, сјајна кожа, минимално руменило и бело моливче за очи.
Шпанија
Најпопуларната летна шминка е тропска – сенка за очи со храбри бои, богати нијанси на кармин – колку попровокативно, толку подобро.
Аргентина
Популарноста на природната шминка многу повеќе се зголемува во оваа земја, а иако изгледа едноставно, се смета за комплексна техника за да се добие природен ефект.
Полска
Хит на сезоната е силната портокалова боја, а се користи и за истакнување на очите, што може да се постигне и со кармин или сјај за усни.