6 работи кои може да ги откриете за жената само според нејзината шминка

Покрај тоа што шминката прави девојките да изгледаат многу поубаво, може и да открие некои работи за неа и нејзината личност.

8-raboti-koi-mozhe-da-gi-otkriete-za-zhenata-samo-spored-nejzinata-shminka-01.jpg

Колку и да звучи чудно, нашминканите девојки оставаат поинаков впечаток од ненашминканите, па другите на нив гледаат нешто повеќе од само шминка.

Доколку сакате да дознаете каков впечаток вие оставате или што открива шминката за карактерот на жената, прочитајте во продолжение.

Манифестација на интелектуални способности

Според некои истражувања на Харвард, докажано е дека жените кои ставаат шминка покажуваат поинтелектуални способности од останатите.

Научниците го објасниле ова со фактот дека жените кои се нашминкани, вообичаено:

  • Се чувствуваат посамоуверено
  • Повеќе се потпираат на сопствените способности
  • Побрзо и поефикасно носат одлуки

8-raboti-koi-mozhe-da-gi-otkriete-za-zhenata-samo-spored-nejzinata-shminka-02.jpg

Впечаток кај другите

Жените со шминка се сметаат за покомпетентни од ненашминканите.

Според неодамнешни истражувања, се смета дека колку поумешно жената нанесува шминка и колку поатрактивно лице има, толку побрзо околината ќе види нешто посебно кај неа.

8-raboti-koi-mozhe-da-gi-otkriete-za-zhenata-samo-spored-nejzinata-shminka-03.jpg

Улога во тимот

Но, кога станува збор за лидерски способности, нашминканите жени имаат помала шанса успешно да водат тим.

Причината е во тоа што другите не ја гледаат како потенцијален лидер и нејзините барања нема да бидат слушани и исполнети.

8-raboti-koi-mozhe-da-gi-otkriete-za-zhenata-samo-spored-nejzinata-shminka-04.jpg

Младост

Некои девојки едноставно не сакаат да пораснат никогаш, а нивниот „протест“ го прикажуваат преку шминка.

Присуството на розово руменило и силна шминка на очите укажува на девојка која уште сака да биде дете.

Таквите девојки се перципираат како помлади од што се и се склони кон младоликост.

8-raboti-koi-mozhe-da-gi-otkriete-za-zhenata-samo-spored-nejzinata-shminka05.jpg

Самодоверба

Жените кои сакаат да заведуваат и да бидат во центарот на внимание се оние со силна боја на кармин, посебно црвен, бидејќи имаат посебна самодоверба и се покомуникативни.

Според научниците, силната боја на кармин е поатрактивна:

  • Жените со црвен кармин се во фокус на туѓ поглед 7.3 секунди
  • Жените со розов кармин се во фокус на туѓ поглед 6.7 секунди
  • Жените без кармин ги гледаат само 2.2 секунди

8-raboti-koi-mozhe-da-gi-otkriete-za-zhenata-samo-spored-nejzinata-shminka-06.jpg

Анксиозност

Типично за жените кои минуваат низ стресен период е да се камуфлираат и да ги кријат недостатоците со шминка.

Ако жената е нашминкана само за да го покрие вистинското лице, тоа укажува на зголемена анксиозност, посебно кај жените кои не излегуваат никаде без шминка.

8-raboti-koi-mozhe-da-gi-otkriete-za-zhenata-samo-spored-nejzinata-shminka-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат) Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Славни дами над 50 години, кои изгледаат одлично и со шминка и без шминка Салма Хајек има 57 години, а за многумина таа е поубава со чисто, природно лице,...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg