Фаворити на трендсетерките: Топ летни фризури за девојките со долга коса

Ако може да се суди според бројот на објави, но и лајкови на популарната социјалната мрежа Инстаграм, долгокосите влијателни дами одбраа неколку хит фризури за сончевата сезона.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-1.png

Летните месеци се веројатно единственото годишно доба, кога дамите со раскошна коса, радо би се замениле со оние кои имаат пократки фризури.

Причините се јасни. Поради високите температури и силните сончеви зраци, невозможно е да ја носите целосно распуштена. Надвор е пеколно жешко.

Сепак, ова не значи дека секогаш мора да ја врзете во коњско опавче или пунџа. Напротив. Постојат мноштво можности за фризури со кои ќе го „преживеете“ летото, а воедно ќе и бидете во тренд.

Од морето супер стилски идеи, ви ги издвоивме фаворитите на трендсетерките, односно топ петте летни фризури за девојките со долга коса:

1. Полукрената коса

Сѐ уште е во мода фризурата која пред неколку години се врати од ерата на ’90-тите.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-2.png

Ова е најлесниот начин да ја тргнете косата од лицето, покажувајќи ја притоа нејзината должина.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-3.png

Заврзете полурепче или или полупунџа, зависно од вашите желби и можности.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-4.png

 А, доколку додадете и штосен ластик – тотално сте „ин“.

2. Бохо плетенки

Плетенките траат минимум еден ден и се одлично решение за летните горештини, па се омилен избор на девојките за сончевите месеци.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-5.png

Актуелни се и класичните, како и секогаш модерната рибина коска, но ткн. „pipe“ плетенка е во склад со најновите трендови.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-6.png

Лесно е да се сплете – само побарајте инспирација на профилите на познатите фешнистки.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-7.png

Фризурата важи за хит на овогодинешните летни фестивали.

3. Коса со шноли

Ако сакате да ја тргнете косата од лицето, летово посегнете и по шноличките, кои исто така се вратија во мода од ’90-тите.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-8.png

Тие го преплавија Инстаграм буквално преку ноќ. Зависно од тоа каков патец најдобро ви стои, може да закачите по една шнола на секоја страна, или, пак, да нанижете неколку шноли само од едната страна на лицето, кадешто имате повеќе коса.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-9.png

Трендот ги освои познатите манекенки, блогерки и фешнистки, па лесно ќе ве наговорат и вас одново да се вљубите во аксесоарот што го обожававте во детството.

4. Фризура со марама

Доколку не ви се троши време на испробување нови фризури, или, пак, едноставно не сте талентирани за нешто такво, тогаш ова е вистинскиoт избор за вас.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-10.png

На својата класична летна фризура, било да се работи за коњско опавче или пунџа, додадете марама, која е хит детаљ на сезоната.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-11.png

Моментално е најпопуларно да ја заврзете околу главата, а може да си поиграте со разни други начини на врзување, правејќи машна или обична лента.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-12.png

Можностите се големи, а важна улога игра и бојата, односно дезенот на марамата што ќе ја одберете.

5. Прамени околу лицето

Ова е уште еден начин да ја надградите својата типична летна фризура без многу маки.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-13.png

Заврзете ја косата, така што ќе оставите неколку прамени кои му даваат облик и контури на лицето.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-14.png

Покрај ласкавиот ефект, за миг ќе изгледате поопуштено и во летно расположение.

favoriti-na-trendseterkite-top-letni-frizuri-za-devojkite-so-dolga-kosa-15.png

Една од промотерките на лежерниот „неуреден“ изглед е и војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Кој е вашиот летен фаворит?

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате) Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg