Како да ги скриете трагите од неизедначениот тен по сончањето?
Светлите црти од лесната облека или бикините кои сте ги носеле кога сте биле изложени на сонце, знаат да бидат голем проблем кога ќе облечете нешто поотворено.
Со оглед на тоа што летово костимите за капење се со еден куп карнери, засеци и врвци, јасно ви е зошто изедначениот тен може да биде предизвик.
За среќа, има 4 начини на кои може да го решите овој проблем:
Направете пилинг
По изложувањето на сонце, на вашата кожа ѝ треба хидратација. Затоа направете нежен пилинг, кој не е на база на сол или други груби супстанци кои може да ја иритираат.
Поиграјте си со средство за самопотемнување
Ставете мала количина на средство за самопотемнување на четка или сунѓерче и внимателно нанесете по белите линии.
Користите производи за самопотемнување кои се измиваат
Тие ќе ви помогнат привремено да ја покриете летната незгода, само додека го носите омилениот фустан со отворен грб.
Бронзер
Доколку не сакате да користите никакви хемикалии, бирајте бронзер кој ќе го нанесете на белите линии со мала четка.
М. Д. | Црнобело