Совети од експерт: Како до најдобра грижа за твојата брада и коса?

Редовно сме сведоци на совети за вежбање, дотерување на телото за плажа, меѓутоа тоа што многу често се заборава да се спомне е „грумингот“ односно средување на влакната на лицето, косата и телото кое е особено значајно во летниот период. Со цел да добиеме најдобри совети на оваа тема, се консултиравме со експерт. Разговаравме со Дарко Петковски од берберницата и фризерски салон Hair House кој со нас ги сподели своите најдобри трикови.

soveti-od-ekspert-kako-do-najdobra-grizha-za-tvojata-brada-i-kosa-01.JPG

Колку мажите во Македонија внимаваат на својот изглед?

Многу ми е мило што можам да кажам дека мажите во Македонија сè повеќе се грижат за тоа како изгледаат. Одржувањето на уредна и средена брада, фризура, па и тело, стануваат норма за момците кои сакаат да изгледаат и да се чувствуваат добро.

Која е рутината која ја препорачуваш за најдобро одржување на брадата?

Да се разбереме, секој тип на брада бара различен третман. Доколку имате куса брада која е израсната само неколку дена, потребно е да внимавате да не „зарасне“ на различни страни и да се изгуби тој уреден изглед, што значи, тримување на секои 2 до 3 дена. Долгата брада пак бара редовно обликување за да не ја изгуби формата.

Многу често мажите ја користат машинката за потстрижување за истовремено средување и на нивната брада и на влакната на телото. Баш затоа, резултатите секогаш се просечни, изгледаат како да се потрудиле, ама не баш успешно. Многу сум среќен што како свој официјален партнер ги имам Philips кои развија алатки кои ги даваат резултатите кои сакате да ги постигнете: за коса, за брада и за тело. Секој од нив е специјално дизајниран за да ги донесе најдобрите резултати кај моите клиенти.

Сè повеќе гледам дека мажите сакаат да го покажат нивниот личен стил преку нивната брада, па затоа подготвив неколку совети за сите типови на брада кои ќе ви помогнат полесно и побрзо да добиете супер резултати.

Совет 1: Пред да започнеш со тримување на брадата, добро измиј ја и исуши ја. Потоа со чешел исчешлај ги сите влакна во обратна насока од коренот на влакната.

Совет 2: За да ја добиеш совршената линија на вратот, застани со машинката на Адамовото јаболко и повлечи вертикална црта, а потоа движи ја машинката по работ на вилицата.

soveti-od-ekspert-kako-do-najdobra-grizha-za-tvojata-brada-i-kosa-06.jpg

Совет 3: Не ги заборавај мустаќите. Можеш да ги скратиш мустаќите со иста должина како брадата или да ги оставиш подолги за да се двојат и да можеш лесно да ги обликуваш. Кој и да е твојот избор гледај да оставиш барем еден милиметар помеѓу горната усна и мустаќите за да добиеш почист изглед.

Совет 4: Зависно од формата на лицето и големината на деловите на лицето, треба да одбереш стил кој најмногу ти одговара. Во овој дел најмногу може да ти помогне твојот бербер со некој совет или да пак да разгледаш различни стилови на интернет според карактеристиките на твоето лице и да го одбереш вистинскиот изглед за себе. Секое лице си има свои специфични карактеристики кои не смееме да ги игнорираме, бидејќи крајниот резултат може да биде смешен.

На колку време мажите треба да ја средуваат својата брада и кои се твоите совети за периодот помеѓу?

Грижата за брадата е секојдневна обврска и нормално најмногу зависи од стилот и должината кој сте го одбрале. Доколку носите подолга брада, препорачливо е да ја потшишувате еднаш неделно, како постојано би ја одржувале формата и би се ослободувале од расцветаните врвови.

Сепак, оние кои носат покуса брада, најдобро е да ја средуваат на неколку денови за да ја одржуваат големината на влакното и свежината на лицето. Најдоброто нешто што може да ѝ се случи на вашата брада, доколку ја кратите често е тримерот со вакум систем од серијата 7000 на Philips.

soveti-od-ekspert-kako-do-najdobra-grizha-za-tvojata-brada-i-kosa-05.jpg

Покрај тоа што со својот моќен вакум систем вшмукува исечените влакна, иновативниот Lift&Trim систем, овозможува интегрираниот чешел да ги подигне влакненцата во идеална позиција за сечење, а вие со леснотија да ја обликувате брадата. Полесно и не може, особено ако сте во брзање. Доброто кај овој тример е што има 20 степени на подесување на должината, а тоа се прави со едноставно вртење на тркалцето за регулирање на рачката.

soveti-od-ekspert-kako-do-najdobra-grizha-za-tvojata-brada-i-kosa-02.jpg

Што се однесува за периодот помеѓу потшишување на брадата би споделил неколку важни работи. Прво и основно, редовно миење за да го зајакнете влакното и за да ја одржувате кожата на лицето хидрирана и чиста. Препорачувам брадата да се мие секој втор ден и тоа со специјален препарат, не со истиот со кој ја миете косата, бидејќи сепак станува збор за погруби и поцврсти влакна, па истите си бараат посебна нега. Исто така, користете поблага формула за да избегнете иритации и сува кожа.

Покрај миењето, редовно чешлајте ја брадата со специјален чешел или четка за брада, како би избегнале прекршувања на влакното и чворчиња, кои можат да направат дупки и да го нарушат целиот изглед за кој толку се трудите.

Најдобро е после миење да не ја сушите брадата со фен, ниту пак да ја триете со пешкир. Наместо тоа нежно натапкајте ја со сув пешкир и убаво исчешлајте ја. Нанесете масло или балсам на сува брада за влакната да можат максимално да го впијат препаратот и да ги осетите бенефитите од нивното користење.

Колку косата игра улога во нашиот изглед? Што би им препорачал на мажите за редовно средување на косата?

Преку косата покажуваме став и таа треба да го отсликува нашиот карактер. Иако повеќето чекаат таа да стане неподносливо лоша пред да преземат нешто околу неа, реално, грижата за косата е можеби еднакво важна колку и одбирањето на парчињата облека кои ќе ги носите дента.

Пред сè не претерувајте со пречесто миење на косата и особено ако имате проблем со скалпот или имате првут не користете прежешка вода. Внимателно одберете го шампонот кој одговара на вашата коса и кожа и не заборавајте да користите и кондиционер за одржување на здравјето на влакното. Одбегнувајте да користите гел, восок или лак за коса, а доколку веќе морате употребувајте минимално и одбегнувајте го коренот на влакното.

Многу важно за одржување на косата е да имате и правилна опрема, односно чешел со широки запци и добар тример. Постојат различни модели на машинки за потстрижување на пазарот, но јас лично ги препорачувам моделите на Philips, кои може да направат баш сè.

Серијата на мултифункционални тримери нуди еден модел со различни додатоци кои можат да се користат за стилизирање на влакната на лицето, на телото и косата.  Лично секому го препорачувам мултифункционалниот тример на Philips 14 во 1 од Серијата 7000, фантастична алатка која секој маж треба да ја поседува.

soveti-od-ekspert-kako-do-najdobra-grizha-za-tvojata-brada-i-kosa-04.jpg

Тримерот е одличен за средување на влакната на цело тело, вклучувајќи ја косата и брадата, а најдоброто кај него е што доаѓа со технологијата DualCut кој овозможува максимална прецизност, благодарение на двојните ножеви кои се допираат при движење и на тој начин се острат, па така и по пет години редовна употреба ќе бидат исти како денес.

soveti-od-ekspert-kako-do-najdobra-grizha-za-tvojata-brada-i-kosa-03.jpg

Најдобриот модел од мултигрумерите доаѓа со 14 различни додатоци со кои можете да го средите буквално секој дел од телото и главата. Плус, супер бенефит е што е водоотпорен па може да се користи под туш, а дополнително лесно се чисти под млаз вода. И ефикасно и едноставно, баш она што му треба на секој маж.

soveti-od-ekspert-kako-do-najdobra-grizha-za-tvojata-brada-i-kosa-07.jpg

Некој совет за крај на овој наш разговор?

За крај само би додал, грижата за себе, особено кај мажите во Македонија повеќе не смее да биде табу тема. Грижете се за својата брада, коса и тело и особено внимавајте да ги користите вистинските алатки додека го правите тоа.

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg