Славни жени кои направија пластични операции, па се предомислија
Во моментов се чини дека природниот изглед се враќа во мода, посебно откако Кајли Џенер јавно призна дека се ослободила од филерите во усните.
Уште неколку ѕвезди кои низ годините мислеа дека е добра идеја да зголемат одредени делови од телото, но подоцна се предомислија и се вратија на природното издание:
Кајли Џенер – по 4 години ги извади сите филери од усните.
Линдзи Лохан – инјекциите во усните и за неа не беа паметен избор.
Никол Кидман – иако мислеше дека полните усни и поголемите гради ќе ѝ ја зголемат самодовербата, по неколку години се откажа од нив.
Кортни Лав – уште една жена која сфати дека природните гради и усни ѝ прилегаат најдобро.
Викторија Бекам – по неколку операции и корекции на градите, Викторија реши да ги извади силиконите од себе.
Бритни Спирс – одлуката да стави силикони во младоста, ја промени откако вторпат се врати на музичката сцена.
Шерон Озборн – откако неколкупати ја менуваше големината на градите, реши дека природното е најздраво и најбезбедно.
М. Д. | Црнобело