Четири најголеми заблуди за целулитот

Целулитот може да се појави и кај оние со вишок килограми, но и кај слабите девојки.

chetiri-najgolemi-zabludi-za-celulitot-01.jpg

Едноставно е, едни се повеќе склони кон создавање набори кои личат на кора од портокал, додека други лесно се ослободуваат уште при првите знаци на целулит. Заблуда е дури и тврдењето дека мажите го немаат, иако ова не е којзнае колкава утеха.

Заблуда: Повеќе вода значи помалку целулит

Нема никаква научна поткрепа за тврдењето дека внесот на повеќе течности ги намалува наслагите од целулит. Со самото тоа што пиете доволно вода, вие придонесувате вашата кожа да изгледа убаво и блескаво.

Водата помага да се исфрлат токсините од телото, но не и оние кои учествуваат во настанувањето на целулитот. Потрудете се да не претерувате со количината на испиена вода во текот на денот, за да го зачувате здравјето на бубрезите.

Заблуда: Вежбањето го отстранува целулитот

Дури и оние кои редовно вежбаат може да имаат целулит. Но, колку помалку масни ткива имате, толку потешко целулитот ќе се „лепи“ за нив.

Секако, добро е да продолжите со физичката активност за да ги намалите масните ткива во телото и да ги одржувате мускулите затегнати.

chetiri-najgolemi-zabludi-za-celulitot-02.jpg

Заблуда: Постои исхрана против целулитот

Не постои одреден производ или режим на исхрана со кој ќе го отстраните целулитот. Здравата исхрана се подразбира, а брзата храна треба да биде целосно исфрлена од вашето мени, бидејќи е преполна со масти, а веќе претходно објаснивме дека целулитот полесно се нафаќа околу масните наслаги.

Во комбинација со вежбањето и соодветен антицелулитен козметички производ, здравата исхрана ќе ви помогне поефикасно да се изборите против таканаречената кора од портокал.

Заблуда: Целулитот се појавува само кај жените

Иако поретко, целулитот се појавува и кај мажите. На пример, само минатата година околу 6000 Американци побарале антицелулитна масажа или сличен третман во козметички салон.

Најчестата причина за појава на целулит кај мажите е нарушен баланс на андрогените хормони.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg