Најчести причини и навики со кои несвесно си го уништувате маникирот
Независно дали одите редовно на маникир, или само за посебни прилики, или пак можеби сами си ги средувате ноктите дома, крајниот резултат на средени, сјајни нокти сите посакуваме да трае подолго.
Но, иако можеби користите квалитетни лакови и сте ги средиле ноктите на најдобар начин, сепак постојат начини да ви се уништи маникирот.
И понекогаш, многу неочекувани работи може да ви го расипат изгледот на ноктите.
Дознајте дел од причините за уништување на маникирот:
1.Долгите топли купки во полна када може да ви го уништат и извадат лакот.
2.Истото важи и за безгрижното лебдење во вода на одмор, па добро би било да имате лак секогаш со вас.
3.Состојките во средствата за сонце исто така може да го отстранат сјајот од лакот на ноктите.
4.Домашните обврски како перење, чистење и миење садови, може многу брзо да ви го уништи маникирот, колку и да внимавате.
5.Козметичките производи на база на алкохол и средствата за дезинфекција на раце може да ги исуши ноктите и да доведе до уништување на лакот.
6.Навики кои ги правите од нервоза како грицкање нокти и кутикули исто така брзо го оштетуваат маникирот.
7.Ако не ги одржувате ноктите од едно до следно правење маникир ноктите може побрзо да се кршат.
8.Ако претходно не сте правеле одмор од гел, сега ноктите ви се покршливи и обичниот маникир и лак побрзо ќе се уништува додека не заздрават.
М. М. | Црнобело