8 трикови за оние кои не се подготвија навреме за лето, а сакаат да изгледаат одлично

Мускулите и затегнатото тело за на плажа не се добиваат преку ноќ, но не дозволувајте тоа да ве обесхрабрува.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-001.jpg

Ако сепак не најдовте доволно мотивација изминативе неколку месеци за да го дотерате телото за лето, постојат 8 трикови кои ќе ви помогнат да изгледате одлично со минимален напор.

1. Поправете го држењето на телото

Важно е да стоите исправени и да ги исфрлите нанадвор само атрибутите, а не и стомакот. Рамениците вовлечете ги наназад, колковите исто така, а главата држете ја секогаш исправено. Подгрбувањето е вашиот најголем непријател.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-01.jpg

2. Одберете соодветен костим за капење

Доколку сте жена со облини или неколку килограми плус, монокините се секогаш попаметна опција. Посебно се препорачуваат моделите со засеци и шари на стратешки поставени места, кои визуелно ви ја истенчуваат половината.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-02.jpg

3. Носете штикли

На формалните настани каде сакате да изгледате послабо, секогаш носете штикли, а не балетанки и рамни сандали.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-03.jpg

4. Исончајте ја кожата

Не е тајна дека исончаната кожа го прави телото визуелно послабо, а нозете делуваат потенки и помазни.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-04.jpg

5. Инвестирајте во квалитетен мидер

Ако сакате да изгледате добро и во тесни парчиња облека, обидете се прво да го пронајдете мидерот кој ќе ви ги сокрие маснотиите.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-05.jpg

6. Носете лежерни материјали и лесна облека

Не одбирајте тесни парчиња облека, ниту пак облека поголема за 2-3 броја, со надеж дека ќе го сокрие вишокот. Носете лесни материјали и покажете ги нозете од колената надолу.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-06.jpg

7. Нагласете го струкот

Обично, жените со некој килограм плус сметаат дека треба да го сокријат струкот. Но, многу подобро изгледа ако на фустанот или кошулата додадете тенок материјал или тенок колан.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-07.jpg

8. Избегнувајте храна која ве дуе

Како на пример мешунки, лук, брокула, зелка, прокељ... Оваа храна само ви го дуе стомакот, па обидете се да ја елиминирате од летното мени.

8-trikovi-za-onie-koi-ne-se-podgotvija-navreme-za-leto-a-sakaat-da-izgledaat-odlicno-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg