Вештачка кожа, лажен нос: Жените во Азија се непрепознатливи по вадењето на шминката
Жените во целиот свет обожаваат шминка, но ова дефинитивно се граничи со лудило. Се согласувате ли?
Низа блогерки од Азија, од кои најмногу од Кина, одлучија да откријат како навистина изгледаат, откако ќе ја тргнат шминката.
Во Азија владее трендот на комплетна трансформација со помош на шминка, па се користат вештачки трепки, контактни леќи, дури девојките си обликуваат и „лажни“ носови и си ги тенчат образите со стегнување во т.н. вештачка кожа.
Откако ќе го тргнат сето тоа од лицето, жените изгледаат како сосема друга личност.
Факт е дека стандардите за убавина се различни во различни земји, но ова дефинитивно е претерано.
Погледнете ја нивната неверојатна трансформација: