Плус сајз моделот Тес Холидеј: „Навистина е тешко да се биде дебела девојка“
Таа вели дека ѝ е здодеано од борбата да објаснува зошто има вишок килограми и дека тие не ѝ пречат.
Моделот и автор Тес Холидеј отворено зборуваше како е да имаш константни напади за изгледот и тежината. Таа има околу 130 килограми и позната е по тоа што постојано се обидува да ја шири пораката дека мора да го сакате вашето тело, без оглед каква форма и големина има тоа.
На Инстаграм Холидеј има 1.6 милиони следбеници и сега се најде на првата дигитална насловна страница на електронското издание на магазинот Self. Таа на Инстаграм напиша дека ѝ е нереално што нејзиното „дебело тело“ се нашло на насловна страница на магазин за здравје.
За проблемите со хејтерски настроените коментари на Инстаграм таа вели:
„Ме фрустрира што толку луѓе имаат во главата идеја како треба да изгледаме и не си ја гледаат својата работа.“
Тес вели дека тие наводно биле загрижени за нејзиното здравје и таа дури им одговарала на пораките дека е сосема здрава, но сега повеќе нема енергија за тоа затоа што знае дека проблем им се нејзините килограми.
32-годишниот плус сајз модел во својата книга „The Not So Subtle Art of Being A Fat Girl“ откри дека се борела со постпородилна депресија по раѓањето на второто дете и дека токму во тој миг сфатила дека нема потреба да им докажува на другите дали е здрава или не, само затоа што има вишок на килограми.
„Нема потреба да ги злоупотребувате психички луѓето со поголеми тела. Тие навистина не се должни ништо да ви докажуваат и да ви даваат објаснувања“, порачува Тес.
Дел од нејзините фотки:
С. С. | Црнобело