Правила до кои треба да се држите за да останете младолики по 25-та година
Како што се грижите за сите нови и драги работи да ви останат зачувани што подолго, така треба да се грижите и за вашиот изглед.
Сигурно ви е важно кожата да ви изгледа младешко, свежо и еластично, но за тоа мора да се потрудите.
Па доколку сакате и по 25-тата да изгледате секогаш младолико, треба уште од младоста да следите некои правила за убавина.
Во продолжение, краток водич за убавината и свежиот изглед да ви останат вечни:
Правило бр. 1 – Зачувајте го изгледот
Млади сте и убави и немате потреба од измазнување на брчки и затегање на кожата кои ќе предизвикаат промени во изгледот. Обидете се да ги избегнувате таквите козметички процедури кои ќе ве променат и одложете ги за 10-15 години.
Правило бр. 2 – Не дозволувајте сушење и дехидрација
Првите промени поврзани со стареењето се заради губење на влажноста на кожата, па затоа е важно да користите козметика со навлажнувачко својство, да внесувате доволна количина на вода во телото континуирано и да го одржувате балансот сол – вода.
Правило бр. 3 – Не се допирајте со раце по лицето
Создадете си навика да не го допирате лицето со раце и да не си ја уништувате сами кожата.
Внимавајте на:
- Допирање со раце
- Триење на очите со суви раце
- Материјалот на навлаката за перница
- Триење на лицето со тврд и сув пешкир
Правило бр. 4 – Заштитете се од сонцето
Што да направите:
- Купувајте квалитетни производи за заштита од сонце и за по сончање
- Зачестете ги процедурите за навлажнување на лицето
- Избегнувајте да седите на сонце кога е најсилно
- Задолжително носете шешир или капа и покривајте ги најнежните делови
Правило бр. 5 – Ослободете се од лошите навики
Штетните навики може многу лошо да влијаат на вашиот изглед и младоликост, но не почнувајте одеднаш „од понеделник“ бидејќи тоа е најчесто неуспешен обид.
Малку по малку почнете да воведувате нови работи кои ќе влијаат позитивно на животниот стил, избегнувајте често пиење алкохол, седење до доцна навечер, наместо автомобил превезувајте се со велосипед или пешки и хранете се здраво.
Правило бр. 6 – Квалитетна козметика
Што треба да направите:
- Водете се по принципот „помалку е подобро, но поквалитетно“
- Преку ден, користете лесни продукти
- Еднаш неделно перете ги четките и сунѓерите за шминка
- Правилно чувајте ги продуктите
- На 6 месеци проверувајте го рокот и фрлајте ги застарените
М. М. | Црнобело