5 тајни за убавина од прекрасните Русинки

Русинките се познати по својата убавина. Покрај генетските предиспозиции, тие имаат посебен животен стил и третмани кои им помагаат да ја одржат својата убава фигура, прекрасно лице и здрава коса. 

otkrijte-gi-tajnite-na-ruskite-ubavici-01.jpg

Откријте кои се тајните на убавите Русинки:

Најдобра рекреација им е пешачењето

Доколку сакате да одржите добра линија не е потребно да плаќате месечни членарини во скапи теретани и да кревате тешки тегови. Секојдневното пешачење може да биде одлична активност која ќе ви помогне да ја одржите вашата фигура.

Русинките тоа многу добро го знаат и затоа секогаш кога се во можност одбираат да пешачат, наместо да патуваат со кола.

otkrijte_gi_tajnite_na_ruskite_ubavici_02.jpg

Зеленчук и за јадење и за посебни третмани

Руската исхрана изобилува со зеленчук, кој им помага на Русинките не само да изгледаат, туку и да се чувствуваат одлично.

Особено е позната нивната супа од зеленчук, а многу често билките како хмељ, коприва и детелина ги користат и за третмани за свежа и чиста кожа, како за и здрава и сјајна коса.

otkrijte_gi_tajnite_na_ruskite_ubavici_03.jpg

Масажа на лицето за свеж изглед и здрава кожа

Еден од триковите со кои Русинките се служат при нанесувањето на шминката е масажа на лицето пред шминкањето за да добијат свеж и здрав изглед.

Потоа, своите карактеристично големи и убави очи често ги нагласуваат со неколку слоеви на маскара и сенки за очи.

otkrijte_gi_tajnite_na_ruskite_ubavici_04.jpg

Шминката како заштита

Поради областа во која живеат нивните лица се навикнати на постудени услови и придонесува за затворање на порите и нежен изглед.

Затоа голем број на Русинки преферираат минималистички изглед кој ќе придонесе за истакнување на нивната природна убавина и ќе ги заштити од временските услови.

otkrijte_gi_tajnite_na_ruskite_ubavici_05.jpg

Маска од јајце за здрава и убава коса

Русинките инсистираат на природни состојки кога станува збор за нега на косата. Затоа тие имаат посебна маска која ја користат за да ја задржат виталноста на својата коса.

Маската се состои од жолчка од јајце во која ќе додадете малку маслиново масло и мед. Се става на косата да отстои околу еден час и потоа темелно се мие.

otkrijte_gi_tajnite_na_ruskite_ubavici_06.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg