Направете вашите стапала да заблескаат - лесен педикир во домашни услови
Конечно топлите денови се пред нас, а модните комбинации и временските услови ни овозможуваат да ги покажеме стапалата во отворени сандали и папучи. Но, има ли нешто полошо од груби пети и неуредни нокти на нозете?
Доколку сакате да си направите ефикасен педикир во домашни услови, следете ги следните едноставни чекори:
1. Подгответе домашна купка. Во топла вода додадете малку морска сол која ќе ви помогне да ја омекнете тврдата кожа. Добро накиснете ги, а по желба додадете и некое етерично масло како лаванда, рузмарин или чајно дрво.
Опуштете се 15 до 20 минути. Дотогаш тврдата кожа ќе биде омекната и време е да ја отстраните. Најдобри резултати ќе постигнете со поголема (но не прегруба) турпија за пети или камен за пети.
2. Исушете ги нозете со мек пешкир и прејдете на вториот чекор, уредување на ноктите. Важно е да ги исечете рамно и не премногу длабоко за да не дојде но враснување на ноктот во месото.
Рабовите ублажете ги со помош на мека турпија, а плочката на ноктот исполирајте ја со мазна турпија за полирање. Кожичките на ноктите поттурнете ги со дрвено стапче за кутикули.
3. Време е за лакирање на ноктите. За почеток нанесете подлога, односно база, а потоа и лак за нокти во саканата нијанса. Немојте да имате предрасуди кон смелите весели бои, бидејќи тие ќе направат подраматичен и поуреден ефект на ноктите.
Нанесете го лакот во 2 слоеви, но внимавајте првиот слој да биде добро исушен.
4. Кога ќе се осигурате дека двата слоја на ноктите се добро исушени, започнете ја хидратацијата. Стапалата сакаат мрсни, хидратантни кремови, па слободно нанесете подебел слој.
Сосема очекувано, овој чекор е најдобро да го повторувате еднаш дневно.
*За да избегнете толку многу работа следниот пат кога ќе си правите педикир, по потреба правете пилинг и турпијајте ги стапалата додека се бањате или сте под туш, со цел да ја отстраните задебелената кожа.
Не заборавајте на секојдневната хидратација, но и заштитата на стапалата кога ги изложувате на сонце, што значи дека кремот со заштитен фактор е задолжителна.
(О)Милена | Црнобело