„Ако нема 50-ка фактор, ќе нанесам 20 + 30“ - Ги разбиваме погрешните верувања за кремите за сончање
Сите обожаваме бронзен тен, но патот до него може да биде болен, ако не се придржувате до основните правила.
Статистиките покажуваат дека луѓето веруваат во многу заблуди и таа е најчестата причина заради која завршуваат со изгореници по кожата.
Ова лето заштитете се соодветно и престанете да верувате во овие заблуди:
Азбуката на УВ зраците
Постојат 3 типови на УВ зраци:
УВА зраците се најсилни и продираат дури и низ облаците и ветарот до кожата. Покрај тоа што се задолжени за потемнувањето на кожата, исто така ја стареат предвремено.
УВБ зраците се исто така силни, но помалку штетни. Најактивни се помеѓу 10 и 16 часот, кога доколку не се заштитите, може да завршите со изгореници. За среќа, овие зраци не продираат низ прозорците.
УВЦ зраците не можат ниту да допрат до земјата, бидејќи атмосферата има соодветни филтри за нив.
„Облачно е, не ми треба фактор“
Ова е најчестата причина зошто гориме во лето. Облачниот ден на плажа е одличен за сончање, но не без заштитен фактор.
Солариумот е побезбеден од сончањето на плажа
Време е да се помирите дека не постои работа како „безбедно сончање“. Секаков вид на менување на пигментацијата е штетно, посебно кога е реакција на вештачки зраци.
Солариумот не е подготовка на кожата за на плажа.
СПФ математика
СПФ или заштитен фактор е мерката со која се одредува дали некоја крема ви ја штити кожата од УВБ зраците.
Повеќето луѓе веруваат дека СПФ 30-ка има дупло поголема заштита од СПФ 15. Грешка.
Кремите со заштитен фактор 15 одбиваат околу 93% од УВБ зраците, додека кремите со заштитен фактор 30 одбиваат околу 97%. СПФ 50 одбива 98% од зраците.
СПФ факторите кај продуктите за сончање не се собираат. Па, ако нема крема со заштитен фактор 50, истиот нема да го добиете ако помешате креми со фактор 20 и 30.
Темната кожа не гори
Тоа што црвенилото е повоочливо на светла кожа, не значи дека темната кожа е отпорна на изгореници.
Не можете да изгорите кога сте во канцеларија или автомобил
УВА зраците поминуваат низ секакво стакло и површина, па затоа добро размислете кога сте седнати на сонце или се возите во автомобилот, а раката ви е изложена директно на сончева светлина.
Добро е секојдневно на нанесувате креми и фактори кои штитат од УВА зраци.
Доволен е тенок слој на крема
Препорачана доза за едно мачкање на телото е околу 5 до 6 лажички распоредени рамномерно по целото тело, а половина лажичка за лицето. Во овој случај формулата на кремата е најделотворна.
Нанесувањето на крема еднаш во денот е доволно
СПФ факторот многу лесно може да се намали или да исчезне поради влажноста на телото, потењето или мокрењето на кожата. Се препорачува нанесување на секои 2 часа додека сте изложени на сонце, за најдобар ефект.
Водоотпорните креми се нанесуваат еднаш и траат цел ден
Водоотпорните креми не постојат. Постојат креми кои се поотпорни на вода за разлика од други. Тоа значи дека кожата ви е заштитена 40-80 минути и по пливањето. Но, потоа мора да нанесете нов слој.
М. Д. | Црнобело