Правила кои треба да ги следите за да изгледате добро и на високи температури
-->
Кога температурите почнуваат да одат нагоре, станува многу потешко да го одржите совршениот изглед.
Дамки од пот на маицата или кошулата, залепена коса на лицето и вратот, размачкана шминка и масен сјај на лицето се дел од проблемите со кои се соочува секоја жена.
-->
Сепак, тоа не значи дека треба да се откажете и да дозволите да изгледате несредено кога ќе излезете.
Важно е да следите некои основни правила и трикови со кои ќе изгледате добро и на високи температури:
Како да избегнете дамки од пот?
- Одберете облека во потемна боја – тоа ќе ви помогне да ги маскирате дамките, додека на светлите бои, мокрите дамки се многу повпечатливи.
- Носете маици без ракави или со широки отвори под пазувите.
- Не нанесувајте дезодоранс пред излегување од дома за производот да има време да се апсорбира и да не остави дамки на облеката.
- На топло време избегнувајте кога сте излезени да јадете големи оброци, да пиете топли пијалаци, кофеински или алкохолни, бидејќи тие го зголемуваат потењето.
- За посебни прилики може да користите специјални влошки кои ја апсорбираат влагата и помагаат да не се направи дамка од пот на облеката.
Како да се ослободите од масниот сјај на лицето?
- Користете гелови и средства за чистење лице со салицилна и гликолна киселина, кои помагаат за нежно чистење на кожата и спречуваат затнување на порите.
- Заменете ги кремите со масла за лесни навлажнувачки гелови и серуми на база на вода – ќе ви ја навлажнат кожата и омекнат, без да ги затнат порите.
- Мијте го лицето со млака или најдобро со ладна вода, бидејќи топлата вода ја стимулира работата на лојните жлезди.
- Еднаш до двапати неделно практикувајте нежен пилинг за чистење на лицето.
-->
-->
Како шминката да биде поотпорна?
- Заменете ја вообичаената козметика со полесни алтернативи. На пример, наместо пудра на база на масла, користете BB или СС креми, базирани на минерали и течности. Моливите за очи заменете ги со течен водоотпорен туш, сувите сенки со сенки на база на крем и руменилото со бронзер.
- По чистење на лицето со средство, поминете по кожата со коцка мраз – тоа ќе ги намали порите и ќе направи кожата да биде посвежа, а шминката која ќе ја нанесете – поотпорна.
- Избегнувајте шминка која бара јасни линии, како што е мат карминот во силна боја. Наместо тоа, ставете малку обичен кармин на средината на усните и размачкајте низ цела уста, но на краевите да има помалку.
-->
Како да се ослободите од иритацијата по депилација?
- Најдобар период за депилација е на средина на менструалниот циклус, бидејќи во „оние денови“ чувствителноста на кожата е поголема.
- Направете си природен пилинг на нозете 1-2 дена пред депилација, за да ја исчистите кожата од мртви клетки, но внимавајте да не го правите тоа веднаш пред депилација.
- Кратко пред депилација, истуширајте се за да ја исчистите кожата и да ги омекнете влакната, но потоа не користете креми бидејќи тоа го отежнува процесот на вадење влакна.
- По депилацијата, во текот на истиот ден, не е препорачливо да користите козметички производи кои содржат парфеми или алкохол, вклучувајќи и дезодоранс.
- Веднаш по депилација избегнувајте изложување на сонце, солариум или сауна.
- Добро антивоспалително средство е зелениот чај или чајот од камилица, па може да си ставите облоги на мека крпа потопена во чај на вцрвенетите делови.
Како да ја заштитите косата од прекумерно сушење?
- Не ја мијте косата претерано често, бидејќи тоа ја стимулира работата на лојните жлезди. Со тоа косата ќе се масти и ќе станува нечиста многу побрзо отколку претходно.
- Пред бањање во море, навлажнете ја косата со свежа вода. Така косата ќе апсорбира помалку солена вода, која инаку ја суши и ја прави покршлива.
- За време на одморот или прошетките на сонце, користете специјални производи за коса со UV заштита, бидејќи на косата ѝ е потребна заштита од сонце исто како на кожата.
-->
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина
Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро)
Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
6 секојдневни трикови со кои веднаш ќе изгледате подобро
Направете поинаква фризура, со мраз освежете ја кожата и уште неколку совети за ...
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте
Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...
Туторијал со кој ќе изгледате како да ве шминкал професионалец, според шминкерка од Њујорк (видео)
За да изгледате привлечно и како да ве шминкал професионалец не ви требаат премн...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа
Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...