Како да избегнете проблеми со кожата само со промени во исхраната?
Кожата е показател за многу работи кои се случуваат во телото, па затоа не треба да се занемаруваат знаците.
А, најчесто, при неправилна исхрана или исхрана која му пречи на телото, кожата прва покажува знаци за тоа.
Независно дали храната ќе придонесе за предвремено стареење или појава на акни, треба да внимавате.
Во продолжение погледнете кои се проблемите со кожата кои може да бидат поврзани со одредена храна.
Предвремено стареење на кожата
Причина: Крекери и лажни ниско калорични грицки
Наместо да бирате грицки кои се замена за оброк, сепак е подобро да одберете целосен и богат, здрав оброк и грицките да ги замените со домашен леб.
Брчки на челото и сува кожа
Причина: Шеќер и засладувачи
Шеќерот го уништува колагенот кој е потребен за кожата и еластинот, кои се најактивни во делот на челото. Избегнувајте го целосно шеќерот и засладувачите и во исхраната внесете лосос, мисирка и зелен зеленчук.
Мрежа од капилари околу носот и очните капаци
Причина: Лута храна
Лутата храна ги забрзува сите процеси во телото и го подобрува метаболизмот, ја загрева и зголемува циркулацијата на крвта. Протокот на крвта во капиларите станува поинтензивен и затоа се појавуваат на кожата.
Ако забележите појава на мрежа од капилари, нормализирајте ја исхраната и направете баланс, вежбајте и спијте доволно.
Подуеност, темен тен, недостаток на еластичност на кожата
Причина: Голема количина на протеин од животинско потекло
Заради нарушување на балансот киселина-база, доаѓа до штетни промени, метаболизмот станува побавен и се намалува и регенерацијата на кожата.
Консумирајте повеќе краставица, авокадо, брокула за да ја вратите крвта во нормала.
Дехидрација и сува кожа
Причина: Кафе и чај
Кога пиеме кафе или чај, психолошки ги перципираме како течност и автоматски забораваме да пиеме вода, иако на телото му е потребна и тоа доведува до дехидрација и сушење на кожата.
Затоа, запомнете – со секоја шолја кафе, треба да пиете 2 чаши вода, а со една шолја чај, пијте 1 чаша вода.
М. М. | Црнобело