Познати дами кои се пофалија со „невидливи“ пластични операции
Додека едни се колнат во мајката природа, дури и кога врапчињата на гранка знаат дека се вештачки од глава до пети, други јавно ги признаа естетските корекции, чии резултати речиси и да не се забележуваат со голо око.
Признанијата за пластичните операции, односно естетските корекции, претставуваат навистина ретки случаи во светот на богатите и славните. А, ѕвездите уште поретко се решаваат на таков чекор, доколку никој не ги праша, или, пак, воопшто не се приметуваат на прв поглед.
Меѓутоа - постојат и исклучоци. Неколку жени отворено говореа за сопствениот физички изглед, не грижејќи се за критиките на јавноста. Сепак, да не кажеа, малкумина би се посомневале дека направиле некаква промена. Барем за споменатите кореции.
Ова се познатите дами кои се пофалија со „невидливите“ пластични операции:
Криси Тајген
„Имав липосукција на надлактиците. Ова е голема тајна, но не ми е гајле.“, призна Криси Тајген во разговорот за Refinery29 минатата година.
Корекцијата ја направила пред девет години, а со неа изгубила два сантиметри во овој предел од телото.
„После зафатот се чувствував посамоуверено во фустани без ракави. Сега сѐ ми се врати и мора пак да платам за липосукција“, откри сопругата на Џон Леџенд, по што додаде: „Тоа беше најглупавото нешто кое сум го направила, ама не жалам за ништо.“
Лиса Кудроу
Харизматичната Фиби од „Friends“, направила пластична операција на носот во тинејџерските години. Својата „тајна“ ја сподели во интервјуто за The Saturday Evening Post.
„Од одвратна особа, во моите мисли се претворив во особа, која веќе не бешe толку одвратна. Имав корекција во лето, пред да тргнaм во новото училиште. Тоа беше одлична промена, така што моите нови школски колеги не знаеја како изгледав порано.“
Многумина беа изненадени од таквото признание, со оглед на тоа дека Лиса Кудроу стана позната дури 13 години подоцна, прославувајќи се со улогата во споменатата хумористичка серија.
Кортни Кардашијан
Додека медиумите нагаѓаа дали Ким Кардашијан ставила импланти во задникот, или, пак, Кајли Џенер ги „напумпала“ усните, нивната сестра ги изненади медиумите, признавајќи ја естетската корекција за која никој не полемизираше.
„Ги зголемив градите. Смешно ми е, затоа што ова не е никаква тајна. Воопшто не ми е грижа што зборуваат другите за мене.“, истакна Кортни Кардашијан во американското шоу „Nightline“ уште во 2010 година.
Робин Рајт
Американската глумица е љубителка на ботокс и не се срами да го признае тоа. „Сите го користат.“, искоментира Робин Рајт во интервјуто за весникот Telegraph во 2014 година, откривајќи дека посетува хирург двапати годишно.
Иако никој не забележа радикална промена на нејзиното лице, актерката вели дека причината се крие во фактот што не претерува.
„Ова е лицето на жена која користи само една единица ботокс по третман, додека другите користат и десет единици. Можеби и не е баш најпаметно ова да се објави во печат? Ма, не кријам ништо!“
Иги Азалеа
„Толку многу ги сакам моите нови гради, што мора да зборувам за нив.“, изјави популарната пејачка во емисија на американскиот канал E!.
„Подобро ми е самата да си признаам, отколку да чекам некој друг да го ископа ова.“, рече Иги Азалеа во 2015 година. И не застана тука.
Отворено проговори и за операцијата на носот, а згора на сѐ, јавно му го честиташе роденденот на својот естетски хирург на Инстаграм.
М. А. | Црнобело