Што може да се случи ако не ја бришете редовно маскарата пред спиење?

 Сите жени знаеме дека не е добро да ја оставиме шминката на нашето лице пред да си легнеме да спиеме. И иако сите го знаеме тоа, понекогаш се случува да си легнеме без темелно да го исчистиме лицето.

sto_se_slucuva_dokolku_ne_ja_iscistite_maskarata_pred_spienje_01.jpg

50-годишна жена од Австралија дозна кои се последиците од несодветно отстранување на шминка навечер. Таа се здоби со сериозен проблем на очите по 25-годишно неправилно отстранување на маскарата.

Жената почувствувала како двете очи започнуваат силно да ја пецкаат и да чувствува како нешто да ѝ смета.

Кога отишла на доктор, откриле дека поради несоодветно или заборавањето да ја отстрани маскарата од трепките, под очите и се насобрало огромно количество на маскара што ги создало проблемите.

sto_se_slucuva_dokolku_ne_ja_iscistite_maskarata_pred_spienje_02.jpg

Парчињата маскара се акумулирале под нејзините очни капаци и некои од нив биле толку големи што започнале да ѝ ги гребат рожниците.

За среќа овој вид на заболување е прилично редок и може да се случи поради тотална негрижа и неправилно отстранување на шминката на очите.

sto_se_slucuva_dokolku_ne_ja_iscistite_maskarata_pred_spienje_03.jpg

Сепак, докторите предупредуваат дека заборавањето на шминката за време на спиењето може да предизвика бројни проблеми, иритации и инфекции на кожата и очите па затоа пожелно е пред спиење, шминката темелно да се отстрани и да му се овозможи на лицето правилно да дише и да се регенерира.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg