7 лоши навики поради кои ќе остарите побрзо
И покрај изобилството и лесната достапност на ботоксот и хијалуронската киселина, сепак сè уште не е пронајдено магично стапче со чија помош ќе го запрете процесот на стареење.
Но може да си помогнете сами на себе и да го забавите овој неминовен процес, а во меѓувреме да се чувствувате поубаво, помладо и поенергично.
Веројатно не сте свесни колку лоши навики практикувате секојдневно, а ова се 7 од нив кои го забрзуваат процесот на стареење:
Вежбање без заштитен фактор
Да признаеме, вежбањето на отворено додека сме намачкани со крем со заштитен фактор звучи кошмарно, бидејќи ќе се потиме и лепиме уште повеќе.
Но само 30 минути изложеност на сонце додека вежбате или трчате надвор е доволно да ве фати сончаница, односно да ја изложите кожата на силните сончеви зраци кои влијаат на нејзиниот изглед и здравје.
Брчки, старечки пеги, сите промени од овој тип се резултат на штетните УВ-зраци. Особено денес кога сонцето пече многу повеќе, за разлика од претходните години во минатото.
Следниот пат пред да излезете да вежбате надвор, задолжително намачкајте го телото и лицето со заштитен фактор 30 или облечете нешто што ќе ви го покрие телото.
Пиење премногу алкохол
Освен тоа што предизвикува мамурлак утредента, алкохолот влијае на хидратацијата на телото, како и на лошата апсорпција на витамините, особено на витаминот А кој е неопходен за производството на колаген и еластин. Овие важни протеини ја одржуваат отпорноста на кожата и нејзината еластичност.
Секоја капка алкохол ќе остави траги врз изгледот на вашата кожа, па внимавајте неговата количина да ја сведете на минимум.
Премногу слатка храна
Не можете да го поминете денот без овошни или газирани сокови, чоколади или нешто слатко?
Можеби е време да ја зауздате вашата страст за шеќер. Високото ниво на шеќер во крвта го намалува нивото на колагенот во кожата (процес кој се нарекува гликотон), што предизвикува појава на брчки и ја прави кожата екстремно сува.
Очила за сонце без квалитетно стакло
Слободно сметајте дека очилата ја имаат функцијата на ангел-чувар на вашите очи, а делот околу нив, односно кожата околу очите е најтенка и најчувствителна.
Изберете квалитетни очила за сонце и наместо да се грижите за рамките, дадете повеќе пари за стаклата кои ќе ве заштитат од штетните УВ-зраци.
Потребна ви е дополнителна мотивација? 10% од ракот на кожата започнува токму од пределот околу очите, иако овој дел од телото изнесува помалку од 1%.
Слушање гласна музика
Доколку сакате да слушате исклучително гласна музика на слушалки, имајте предвид дека таа ги иритира и надразнува нервите во мозокот. Ова истовремено придонесува за постепено ослабнување на слухот.
Предолго гледање во мониторот на компјутерот
Јасно, живееме во време и општество како денешното, каде што работата без компјутер е незамислива.
Сепак, водете ред додека работите на компјутерот тоа да биде во добро осветлена и проветрена просторија. Зголемете ги страниците и немојте предолго да ги напрегате очите додека читате ситни букви, бидејќи ова ги создава подочниците, односно очните „ќесички“ кои толку многу ги мразиме, како и брчките и главоболките.
Правете почесто пауза и избегнувајте да седите со часови пред мониторот без добро да се истегнете.
Претерано чистење на лицето
Основната нега на кожата подразбира секојдневно да се отстранува шминката и темелно да се измие лицето, како и користење на дневен крем кој ја хидрира кожата. Но потребно е тука да ставите точка.
Изберете само уште тоник за лицето со кој длабински ќе ја исчистите кожата и тоа ви е доволно. Немојте да паднете во замката на секојдневни пилинзи, масла и слично.
Кожата сама по себе функционира како заштитен слој на лицето, па прекумерното чистење може да ја иритира и да ја направи уште помасна и постара на изглед.
(О)Милена | Црнобело