Какви шишки најмногу ви одговараат според обликот на лицето?
Барем еднаш во животот секоја девојка посакала да се осуди да направи шишки за да го промени својот изглед.
Но, тоа е голем предизвик со оглед на тоа што е навистина тешко да се одбере какви шишки сакате и му одговараат на вашето лице.
За среќа, сега постојат совети кои ќе ви помогнат полесно да сфатите какви шишки би биле совршени за обликот на вашето лице.
Во продолжение, проверете какви шишки да си направите летово зависно од формата на лице:
Овално лице
Оние кои имаат овална форма на лице можат безбедно да експериментираат. Можете да ги нагласите веѓите така што ќе си направите кратки шишки и ќе изгледате совршено.
Исто така нема да погрешите и со густи шишки со нерамна и неправилна должина.
Триаголно лице
Пикси фризурата одговара одлично на ваков тип на лице, посебно во комбинација со кратки шишки кои одлично оставаат простор да се нагласат цртите на лицето.
Долгите шишки на страна се исто така одлично решение, бидејќи визуелно го намалуваат големото чело и го прават попропорционално целото лице.
Округло лице
Округлото лице може да се издолжи со долги и ретки шишки, со што ќе се создаде елегантен изглед, посебно со крената коса нагоре.
На округло лице одлично одговараат и долги степенасти шишки за кои не е потребно многу труд за одржување.
Правоаголно лице
Острите форми на лице со нагласени јаболкници и други црти може визуелно да се направат „поблаги“ со ретки шишки.
Исто така, на оваа форма на лице одговараат и долги шишки на страна со благ степен кои ќе ја прикријат ширината на челото.
Коцкесто лице
За оние со коцкесто лице одлично решение се шишките на страна во повеќе слоеви и степени.
Коцкеската форма може да стане поблага и со помош на заоблени и густи шишки на страна.
Трапезоидно лице
За оваа форма на лице одлични се шишките на две страни со благ степен, кои ќе ви овозможат да ја усогласите ширината на лицето и визуелно да ја ублажите формата.
Со оваа форма на лице добро е да се даде и волумен во горниот дел, па густите долги шишки на страна се одличен избор.
М. М. | Црнобело