Бојата на јоргован е новиот омилен тренд на милениумската генерација
Доколку сте запознаени со терминот „миленијалс“ или генерација Y тогаш ви е јасно за што станува збор.
Доколку не сте го сретнале ниту еден од овие два термини досега на кратко ќе ви објасниме за што станува збор. Генерацијата Y, позната и како милениумска генерација или накратко милениалс е генерација на луѓе родени во периодот од 1980 до 1994 година. Или сите оние кои сега имаат од 38 до 24 години. Па, доколку сте во оваа група на милениумци овој текст е специјално за вас.
Изборот на боја за оваа година на милениумците е токму бојата на јоргован, односно светло виолетовата боја.
Уште на почетокот на модната сезона, оваа боја преовладуваше на сите модни писти. Не само на облеката и аксесоарите, туку и во поглед на шминката и убавината.
Очигледно е зошто оваа боја зазеде толку голем замав за многу кратко време. Без разлика дали имате храброст да ја носите во изобилство или ќе се одлучите за подискретна варијанта можеби само како сенка за очи, дефинитивно ќе се заљубите во оваа боја.
Во продолжение погледнете интересни мејкап туторијали кои ќе ви помогнат да постигнете одличен изглед со оваа боја:
A, може и да ја носите на повеќе начини:
К. Д. | Црнобело