Ни ѕвездите не се совршени: Славни убавици кои се борат со акни и мозолчиња

Луѓето со проблематична кожа, мошне добро знаат колку акните и мозолчињата влијаат на самодовербата. А, не се од помош ниту глетките на славните убавици со совршен тен, чии фотки секојдневно ги полнат страниците на медиумите.

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-1.png

Сепак, честопати забораваме дека таквото „совршенство“ е лажно, а ѕвездите всушност имаат цела армија од визажисти. Тие се трудат секоја „мана“ на нивното лице да биде сокриена од очите на јавноста.

Ова може да го потврди и глумицата Аналин Мекорд (30), која со години се бори против акните. Повеќепати беше снимена без грам шминка на лицето, по што наиде на мноштво навредливи и неумесни коментари на социјалните мрежи.

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-2.jpg

Меѓутоа, младата ѕвезда на серијата „90210“, не им остана должна за одговор на критичарите. Почна да објавува селфи фотoграфии каде јасно се гледаат нејзините акни, порачувајќи им на сите кои се наоѓаат во слична ситуација – дека нема од што да се срамат. Во едно поново интервју, Аналин изјави:

„Луѓето забораваат дека акните претставуваат болест во возрасното доба. Не е во ред некому да се подбивате поради ова. Не сакам било кој да мисли дека е помалку вреден затоа што го има истиот проблем. Заборавете на совршенството. Не сме совршени. Не сме без мани. Имаме луѓе со чија помош изгледаме совршено, а пред сѐ благодарение на Фотошоп. Ама, тоа не е реалноста.“

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-3.jpg

Проблеми со кожата на лицето има и американската пејачка Мајли Сајрус (25). И таа излезе со совет за сите кои се на исти маки како неа:

„Лошиот тен отсекогаш бил мојата несигурност. Постојано си мислам дека тоа е единствената работа што луѓето ја забележуваат на мене. Тогаш губите контрола, ги користите сите производи кои ќе ви се најдат при рака и на крајот уште повеќе го уништувате лицето. Пуштете ги професионалците да си го одработат своето. И не го чепкајте лицето, создавајќи си лузни.“

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-4.jpg

Кои се останатите славни убавици што со години се борат со акните и мозолчињата? Погледнете од листата во продолжение:

Кендал Џенер

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-5.png

Аналин Мекорд

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-6.png

Бела Торп

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-7.png

Мајли Сајрус

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-8.png

Кајли Џенер

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-9.png

Ријана

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-10.png

Eва Лонгорија

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-11.png

Лорд

ni-dzvezdite-ne-se-sovrsheni-slavni-ubavici-koi-se-borat-so-akni-i-mozolchinja-12.png

М. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg