Кога е добро да се користи кокосово масло, а кога тоа не е најдобра идеја?

Кокосовото масло е одличен пријател и помошник кога станува збор за убавина и нега на тело. Но исто така многу луѓе овој револуционерен производ го користат за приготвување на одлични рецепти.

koga-e-dobro-da-se-koristi-kokosovo-maslo-a-koga-toa-ne-e-najdobra-ideja-001.jpg 

Без разлика дали и за што досега го употребувавте кокосовото масло, добро ќе ви дојдат неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ги добиете сите бенефиции, а да ги одбегнете недостатоците на овој производ.

4 начини како да го употребувате кокосовото масло:

За приготвување на јадења на ниска температура

Ова масло може да додаде одличен вкус на вашите јадења, сè додека готвите на ниска температура. Кокосовото масло се препорачува и за лица кои сакаат да се исхрануваат здраво и да ја намалат телесната тежина.

4_odlicni_upotrebi_na_kokosovoto_maslo_i_4_za_koi_nikogas_ne_treba_da_go_upotrebuvate_02.jpg

За нега на тело 

Корисните состојки кои се наоѓаат во кокосовото масло како витамин Е и омега 3 масни киселини како и лауреинската киселина која докажано делува анти-воспалително, може да ѝ помогнат на вашата кожа да остане здрава, чиста и негувана.

4_odlicni_upotrebi_na_kokosovoto_maslo_i_4_za_koi_nikogas_ne_treba_da_go_upotrebuvate_03.jpg

Како отстранувач на шминка

Поради анти-бактериските состојки ова масло е одличен отстранувач на шминка. Покрај тоа што ќе ги отстраните нечистите слоеви од лицето ќе добиете и одличен третман за нега кој може да ви помогне во спречување на појавата на акни.

4_odlicni_upotrebi_na_kokosovoto_maslo_i_4_za_koi_nikogas_ne_treba_da_go_upotrebuvate_04.jpg

Како маска за коса

Кокосовото масло е одличен пријател на косата. Ќе ви помогне да ја негувате и да ја обновите оштетената и сува коса и да ѝ го вратите сјајот, додека во исто време ќе го дезинфицирате вашиот скалп.

4_odlicni_upotrebi_na_kokosovoto_maslo_i_4_za_koi_nikogas_ne_treba_da_go_upotrebuvate_05.jpg

Покрај овие одлични примени на кокосовото масло, има 4 други за кои не е пожелно да се употребува:

За готвење на високи температури

Кокосовото масло има ниска температура на чадење и може брзо да ја загори вашата храна и наместо вкусен оброк да добиете загорена храна која ќе заврши во канта.

4_odlicni_upotrebi_na_kokosovoto_maslo_i_4_za_koi_nikogas_ne_treba_da_go_upotrebuvate_06.jpg

Како средство за заштита од сонце

Иако кокосовото масло може да блокира до 20% од штетните УВ зраци, тоа сепак не е доволно за да ви обезбеди квалитетна заштита од сонцето.

4_odlicni_upotrebi_na_kokosovoto_maslo_i_4_za_koi_nikogas_ne_treba_da_go_upotrebuvate_07.jpg

За третмани на усната шуплина

И покрај големиот број на луѓе кои препорачуваат да се применува техниката „oil pulling“, Американската Дентална Асоцијација во 2016 година изјавува дека не го препорачуваат овој метод бидејќи може да донесе несакани последици.

4_odlicni_upotrebi_na_kokosovoto_maslo_i_4_za_koi_nikogas_ne_treba_da_go_upotrebuvate_08.jpg

Замена за путер

Иако кокосовото масло може да се користи како замена за путерот кога се готви на ниски температури, сепак не се препорачува да се користи при печени јадења поради разликата во температурата на топење и може да придонесе за чуден и лош вкус на вашите колачи.

4_odlicni_upotrebi_na_kokosovoto_maslo_i_4_za_koi_nikogas_ne_treba_da_go_upotrebuvate_09.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Отстранување шминка, подочници – За што сè можете да користите рицинусово масло? Ја обновува кожата, го стимулира растот на косата, а може да ги намали и брчките...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg