Разлики помеѓу професионалните и домашните третмани за разубавување

Козметичката индустрија постојано зема сè поголем замав и може да се најдат огромен број на производи за нега и убавина.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-01.jpg

Козметичките салони пак, се преполни со понуда на третмани за убавина кои може да чинат прескапо, но зависно кои од нив.

Сепак, во последно време се многу популарни домашно подготвените маски и третманите кои сами ги правиме дома и може да бидат подеднакво ефективни.

Но, постојат ситуации, кога е подобро да се обратиме кај професионалци, бидејќи не секогаш може да го направиме тоа толку добро самите.

Во продолжение погледнете која е разликата:

Третмани за лице со проблематична кожа

Ако имате проблем со кожата како егзема или постојано појавување на акни, подобро е да се консултирате со дерматолог.

Вообичаените домашни третмани може да бидат лоши за одредена состојба на кожата и да ја иритираат што ќе биде полошо.

Кога на кожата ѝ е потребен посебен третман, обратете се кај специјалист.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-02.jpg

Боење на коса

Ако сакате драстично да ја промените бојата на косата од темна кон светла, или ако се фарбате првпат, подобро е да посетите салон, бидејќи може да си ја оштетите косата.

Професионалците ќе ја проценат состојбата на косата и влакното, ќе ви помогнат да ја одберете најдобрата боја и ќе знаат точно како треба да ја постигнат.

Додека пак, ако се обидете сами, може да не успеете од првиот пат и само да ја уништувате косата со секој следен обид.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-03.jpg

Боење на трепки и веѓи

Иако има сетови за средување на веѓи и трепки, како и туторијали, сепак се препорачува да не ги правите сами овие третмани.

Многу од нив содржат хемикалии кои може да бидат опасни, па подобро побарајте добар салон кој има позитивни критики за овој процес.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-04.jpg

Стискање акни

Иако многумина знаат дека не треба да го прават ова сами, понекогаш е неопходно.

Но, ако не сте внимателни и го правите ова дома, сами, набрзина, може да си оставите долготрајни лузни на лицето или да предизвикате инфекција.

Затоа е подобро редовно да одите на третмани во салон каде овој процес се прави на чист и хигиенски, како и професионален начин.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-05.jpg

Депилирање

Иако е полесно кога ќе легнете во салон и некој ќе ја заврши оваа работа за вас, сепак не е невозможно да го направите и сами.

Но, лесни се само деловите како нозете, подлактницата на рацете и надусницата.

Сепак, треба да бидете внимателни и неколку дена пред да се издепилирате може да направите пилинг, а кожата треба да ви биде сува пред депилацијата.

За потешко достапните делови од телото, посетете козметички салон.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-06.jpg

Нежен пилинг

Доколку немате чувствителна кожа и немате некои посебни проблеми, а сакате да си направите само нежен пилинг, можете да го направите сами, дома.

На интернет може да најдете многу добри природни маски со состојки кои ги имате дома и нема потреба да плаќате многу за тоа.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-07.jpg

Обликување на веѓи

Обликувањето на веѓите може да го направите и сами, но ретко кој ги има потребните вештини за тоа.

Во салоните професионалците подобро ќе ја обликуваат нивната форма, бидејќи работат од подобар агол и знаат како треба да изгледаат, плус, ќе им треба помалку време отколку на вас.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-08.jpg

Маникир и педикир

Навистина е релаксирачко искуство д ги средувате ноктите во салон, но тоа вреди само доколку се работи за некоја посебна прилика.

Во спротивно, нема потреба да давате толку многу пари, кога можете и самите да го направите тоа, со малку желба и упорност.

razliki-pomegju-profesionalnite-i-domashnite-tretmani-za-razubavuvanje-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум об... „Јас сум голем гурман и во последно време знам на најблиски да им зготвам некој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg