10 новитети од светот на парфемите кои сакаме да ги испробаме оваа пролет/лето сезона

„Никогаш не си целосно облечен без парфем. Парфемот е момент на слобода. Тој е клучот на сите наши спомени“.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto-01.jpg

Веројатно не постои цитат поврзан за парфемите со кој не се согласуваме. Неколку капки парфем се доволни да ја нагласат нашата личност, да го најават нашето присуство и да ни дадат доза самодоверба и сексапил.

Оваа сезона носи многу новитети, а ова се само 10 од нив кои сакаме да ги испробаме на нашата кожа оваа пролетно-летна сезона 2018:

Tom Ford’s Eau De Soleil Blanc

Ориентален цветен парфем со опојна и остра арома. Дизајниран како унисекс (за мажи и жени), парфемот се опишува како малку понежна варијанта од останатите типични Том Форд парфеми.

Првичната нота која се чувствува е комбинација на портокал/бергамот, а срцевината содржи слатка ванила, кокос и килибар.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (1).jpg

Coco Mademoiselle Eau De Parfum Intense

Новиот мирис на Шанел останува верен на оригиналната мешавина од цитрусни овошја и пачули со додаток на ориентални ноти на тонка и ванила.

Како горна нота на парфемот се издвојува специфичниот сицилијански бергамот портокал, а срцевината содржи ноти на јасмин и рози. Базата пак нуди арома на ванила од Мадагаскар, тонка и пачули.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (2).jpg

Chloé Nomade Eau De Parfum

Парфемот асоцира на слобода, сила и природа. Тој е совршен спој на нежна фрезија, силно дрвенест мирис на мов и свежи сливи. Сепак, оваа комбинација која содржи дрвенесто-цитрусно-цветни и земјени тонови не е за секого.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (3).jpg

Jo Malone London Primrose&Rye

Новиот двоен парфем за жени и мажи е составен од бобинки, мимози и ванила топол, сладок и ароматичен истовремено, вистинска енигма на кожата. Првенствено се декларира како цветен со доза на пудреста арома која ја „смирува“ цветната градина.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (4).jpg

Miu Miu L’Eau Rosée Eau De Toilette

Парфемот што е опишан како „жив“ и романтичен претставува ново поглавје во младешката, но елегантна приказна на Миу Миу. Овој цветен мирис со потпис на крин и акорди од пупка на црна рибизла е обвиен со „облаче“ од софистициран мошус.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (5).jpg

Aerin Hibiscus Palm Eau De Parfum

Мешавината од хибискус, лотосов цвет и див ѓумбир ќе ве однесат директно до морето. Цветен, со база од бели и жолти цветови, во парфемот провејува нишка на иланг-иланг и кокосово млеко и ванила.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (6).jpg

Gucci Bloom Acqua Di Fiori

Уште едно прекрасно софистицирано шишенце од Гучи исполнето со мирисна композиција од јасмин, тубероза и нишки од сандалово дрво и рибизла.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (7).jpg

Les Parfums Louis Vuitton Le Jour Se Lève Eau De Parfum

Според критиките, овој парфем нуди инстантно пролетно искуство! Цитрусни и цветни како и ароми на мошус во совршена хармонија со мандарини и јасмин обезбедуваат свеж и пријатен парфем на вашата кожа.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (8).jpg

Dolce & Gabbana Dolce Garden Eau De Parfum Eau De Parfum

Инспирирани од сицилијанските градини, главните ноти на овој мирис се мандарини, нероли и магнолија, со кокосово и бадемово млеко и ванила во миксот.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (9).jpg

Mon Guerlain Guerlain

Парфем инспириран „од жените“ и нивните емоции и соништа, главните одлики на парфемот на Герлан содржи ноти на лаванда и ванила.

10-noviteti-od-svetot-na-parfemite-sezona-prolet-leto (10).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќ...
8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем) Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви п...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
Трикови со кои секогаш ќе мирисате убаво (дури и без парфем) Антибактериските сапуни може да го нарушат природниот баланс и да ги уништат кор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg